Во просториите на Машинскиот факултет во Скопје, на 16 октомври, 2014та година, Фондот за иновации и технолошки развој одржа презентација на можностите за финансирање под инструментите на ФИТР. Презентацијата беше составен дел на обуката „Иновациски менаџмент – предуслов за раст и развој на компанијата“ во организација на Бизнис старт-ап центарот при Машинскиот факултет.

 

New Picture 2210

 

Пред присутните претставници од приватниот сектор и дел од вработените на Машинскиот факултет беа претставени можностите, условите и подобноста за финансирање под сите четири финансиски инструменти на Фондот, со фокус на првиот инструмент „Ко-финансирани грантови за старт-ап, спин-оф трговски друштва и иновации“ за кој се очекува распишување на првиот отворен повик.

New Picture 2210_1

По одржаната презентација беше оставен простор за дискусија и поставување прашања. Најголем беше интересот за условите кои компаниите треба да ги задоволуваат за да станат корисници на овие фондови, за начинот на евалуација на пристигнатите предлог проекти, процедурите на контрола и следење, како и начинот на повраток на средствата од корисникот кон Фондот по успешно спроведениот проект.