На 31ви октомври 2014та година, во просториите на регионалната канцеларија на Стопанската комора во Кавадарци, претставник на ФИТР пред присутните претставници од приватниот сектор ги презентираше финансиските инструменти на Фондот.

Овој настан беше втор  од серијата претставувања низ Република Македонија кои ФИТР  ги остварува  заедно со Македонска банка за поддршка на развој во соработка со Стопанската комора на Македонија и регионалните комори.

Презентациите се со цел потенцијалните апликанти низ целата територија на Република Македонија подобро да се запознаат со можностите за финансирање кои ги нуди Фондот.