Во петок, на 14ти ноември 2014та година, регионалната канцеларија на Стопанската комора од Охрид организираше презентација на кредитите и можностите од Македонската Банка за поддршка на развој како и на инструментите на Фондот за иновации и технолошки развој.

Во просториите на Малата сала на Општина Охрид регионалната канцеларија на Стопанската комора од Охрид, претставник на ФИТР пред присутните претставници од приватниот сектор ги презентираше финансиските инструменти на Фондот.

Ова беше четвртата од серијата претставувања низ Република Македонија кои ФИТР ги остварува заедно со Македонска банка за поддршка на развој во соработка со Стопанската комора на Македонија и регионалните комори.

Презентациите се со цел потенцијалните апликанти низ целата територија на Република Македонија подобро да се запознаат со можностите за финансирање кои ги нуди Фондот.

На настанот во Охрид беа присутни  претставници на компании и лица заинтересирани за основање нов бизнис. Претставникот од Регионалната канцеларија на Стопанската комора од Охрид  го отвори настанот, ги претстави присутните и ги охрабри посетителите да ги користат можностите за финансирање и да поставуваат прашања.