Во понеделник, на 17ти ноември 2014та година, регионалната канцеларија на Стопанската комора од Битола организираше презентација на кредитите и можностите од Македонската Банка за поддршка на развој како и на инструментите на Фондот за иновации и технолошки развој.

Во просториите на хотел Милениум регионалната канцеларија на Стопанската комора од Битола, претставник на ФИТР пред присутните претставници од приватниот сектор ги презентираше финансиските инструменти на Фондот.

Ова беше последната од серијата претставувања низ Република Македонија кои ФИТР ги остварува заедно со Македонска банка за поддршка на развој во соработка со Стопанската комора на Македонија и регионалните комори.

 Презентациите се со цел потенцијалните апликанти низ целата територија на Република Македонија подобро да се запознаат со можностите за финансирање кои ги нуди Фондот.

На настанот во Битола беа присутни  повеќе претставници на компании, здруженија, универзитети, иноватори и лица заинтересирани за основање нов бизнис. Претставникот од Регионалната канцеларија на Стопанската комора од Битола  го отвори настанот, ги претстави присутните и ги охрабри посетителите да ги користат можностите за финансирање. Голем беше интересот за сите четири инструменти на ФИТР и присутните ја искористија можноста да ги добијат сите потребни информации.