Во среда,  17ти декември 2014та година, регионалната канцеларија на Стопанската комора од Кичево на барање на општина Македонски Брод и со нивна соработка организираше презентација на кредитите и можностите од Македонската Банка за поддршка на развој како и на инструментите на Фондот за иновации и технолошки развој.

New Picture (4)

Во просториите на Општина Македонски Брод , претставник на ФИТР пред присутните претставници од приватниот сектор ги презентираше финансиските инструменти на Фондот.

Презентациите се со цел потенцијалните апликанти низ целата територија на Република Македонија подобро да се запознаат со можностите за финансирање кои ги нуди Фондот.

На настанот во Македонски Брод беа присутни  претставници на компании и лица заинтересирани за основање нов бизнис. Претставник од општината  го отвори настанот, ги претстави присутните и ги охрабри посетителите да ги користат можностите за финансирање и да поставуваат прашања.