• Назив на проект: WhenInX – апликација за секундарни туристички услуги
  • Назив на корисник: Вебглајдерс ДООЕЛ Крушево
  • Износ на доделен грант: 30.000 евра
  • Почеток на проектот: 01.01.2017
  • Времетраење: 12 месеци
  • Проектен менаџер: Антонио Кузмановски
  • Вебстрана: http://www.wheninx.com/

Резиме

WhenInX претставува онлајн пазар за секундарни туристички услуги. Бизнис моделот е поставен за два типа на применувачи: понудувачи и корисници. Понудувачите се најавуваат за да ги промовираат, понудат и продадат своите услуги – парагјајдинг, организирање планинарски тури, off-road тури за велосипедисти, приготвување на локална храна и сл. Корисниците се најавуваат за да истражат што можат да искусат во местото кое го посетуваат. Со аликацијата се креира нов е-пазарен сегмент и начин на кој корисниците ќе може да се чувствуваат како дел од локалното население, да вкусат, почуствуваат и истражат моменти како патници, а не туристи.

  • Назив на проект: Магнетна CNC плазма дупчалка
  • Назив на корисник: Ресин лабараторија
  • Износ на доделен грант: 30.000 евра
  • Почеток на проектот: 01.01.2017
  • Времетраење: 12 месеци
  • Проектен менаџер: Сашко Павлов

Резиме

Магнетна CNC плазма дупчалка

Сосема нов брз технолошки концепт за изработка на отвори на челични конструкции.

Ќе ја зголемува продуктивноста за околу 30 пати.

  • Назив на проект: ИНТЕГРИРАН ИНТЕРНЕТ-БАЗИРАН ИНФОРМАЦИСКИ СИСТЕМ ЗА МЕНАЏИРАЊЕ СО ЕНЕРГИЈА
  • Назив на корисник: ДТК Смарт тек
  • Износ на доделен грант: 29.971 евра
  • Почеток на проектот: 01.01.2017
  • Времетраење: 12 месеци
  • Проектен менаџер: Живко Коколански
  • Вебстрана: http://dtksmarttech.com.mk/

Резиме

Основна идеја на предложениот проект е имплементација на интегриран интернет-базиран информациски систем за менаџирање со енергија главно во индустрискиот сектор. Системот ќе собира податоци за потрошувачката на различни типови на енергија од различни делови, процеси и уреди во компанијата во реално време. Бидејки ние развиваме интегриран систем за различни мерни уреди и комуникациски протоколи, голема предност е што можеме да понудиме услуги и на компании кои веќе имаат инсталирано уреди за мерење (најчесто од различни производители) кои ќе се интерираат во еден софтвер, со што се намалува нивната инвестиција во овој сектор.

  • Назив на проектРАЗВОЈ НА СИСТЕМ ЗА СИМУЛТАНО ЛОКАЛИЗИРАЊЕ И 3Д МАПИРАЊЕ – ТЕРА МАПЕР
  • Назив на корисник: Вижн Дајнамикс
  • Износ на доделен грант: 30.000 евра
  • Почеток на проектот: 01.02.2017
  • Времетраење: 12 месеци
  • Проектен менаџер: Душко Муртовски
  • Вебстрана: www.visiondynamix.com

Резиме

Производот Тера Мапер претставува систем за изработка на тро димезионални мапи од воздух со голема точност. Точноста на системот очекуваме да биде во рангот на ласерските скенери меѓутоа цената би била многукратно пониска, а брзината на процесирање поголема.

Примената би била во голем број дејности и индустрии меѓу кои најзначајни се: ГИС системи, геодетски мерења, картографија и урбанистичко планирање. Главни корисници на нашиот систем ќе бидат геодетски компании кои се занимаваат со дигитална фотограметрија, инженерска геодезија и картографија, како и градежни компании и државни институции.