sajt

Пристигнати 98 проектни апликации во рамки на јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи“

Пристигнати 98 проектни апликации во рамки на јавниот повик за финансирање на истражувачки проекти од областа на природните и техничките науки во основните и средните училишта „Предизвик за млади истражувачи“ на Фондот за иновации и технолошки развој во соработка со Министерството за образование и наука.

Предизвик за млади истражувачи“ беше отворен од 31 ноември 2017 година до 15 февруари 2018 година, со цел поттикнување на критичко и креативно размислување кај младите во нивниот развој и стимулирање на иновативни идеи и акции во процесот на образование во основните и средните училишта во Македонија.

На повикот учествуваа 64 основни и 34 средни училишта од цела Македонија. Според критериумите на повикот, а по завршената административна проверка 96 предлог проекти имаат потполни апликации. Повеќето од нив се карактеризираат со мултидисциплинарен пристап и ги опфаќаат наставните единици што учениците ги усвојуваат од сите области на природните и техничките науки.

Фазата на првостепено оценување завршува во четврток 15 март 2018г. и ќе се врши од страна на Комисија составена од:

  • м-р Неда Икономова Гаврилоска, претставник на Фондот
  • Владимир Делов, претставник од Министерство за образование и наука
  • доц. Д-р Живко Коколански од Факултет за електротехника и информациски науки
  • проф. Д-р Александра Бужаровска од Технолошко- металуршки факултет
  • м-р Валентина Гоцевска, претставник од Биро за развој на образованието
  • Љубица Каракашева, претседател на Сојузот на здруженија на младите истражувачи на Македонија

Предлог проектите што ќе добијат повеќе од 51 бод преминуваат во финална фаза, а учениците ќе имаат можност директно да ги презентираат предложените решенија пред комисијата на т.н. пичинг.

Вкупниот буџет за повикот изнесува 1.500.000 денари, средства на Фондот за иновации и технолошки развој, обезбедени во Буџетот на Република Македонија.