Компанија Фејдом фурнитуре ПСЦ од видео за ФИТР

Проектот „0/48“ на Фејдом со поддршка од ФИТР

Проектот „0/48“ е на компанијата Фејдом фурнитуре ги означува резултатите кои оваа компанија има за цел да ги постигне: достигнување на 0 рекламации, како и време за изработка на мебел од 48 часа.

„Работата на овој проект ќе се одвива во три сегменти: редизајн на целокупната наша производна линија; воведување на нова производна линија во два засебни сегменти преку воведување на нови технологии за зголемување на ефикасноста и квалитетот во изработката; како и вклучување на сите дистрибутивни центри низ светот и воведување на повратна амбалажа за прв пат во индустријата за мебел. На овој начин дистрибутерите низ целиот свет ќе имаат можност да порачаат гарнитура по мерка, вкус и избор на материјал за нивниот краен купувач која ќе биде достапна за најмногу 10 дена од моментот на нарачката. Имајќи во предвид дека се работи за голем број на производни комбинации, проектот „0/48“ претставува мала револуција во индустријата за мебел во Европа, но и пошироко во светски рамки.“, велат од оваа компанија.

Со финансиската поддршка на #ФИТР во висина од 70 проценти во реализацијата на овој проект, на Фејдом фурнитуре ќе се овозможи побрз развој на овој проект, како и иновација на системски решенија.

„Уверени сме дека со овој Проект претставуваме пример во индустријата за мебел во Македонија. Се надеваме дека со ваквиот пристап ќе овозможиме таа да стане една од водечките гранки во нашата држава.“, додава претставничката на Фејдом во ова видео.

Компанијата Фејдом Фурнитуре е една од над 70 домашни компании/конзорциуми поддржани од ФИТР во рамките на првиот јавен повик од Планот за економски раст на Владата на Република Македонија.

Со првиот инвестициски бран се реализираат инвестиции во домашниот приватен сектор во износ од 20 милиони евра. Се ангажираат 460 лица, од кои 85 се нови работни места, со просечна плата од 48.000 денари.