FullSizeRender2

Работилница за подготовка на Јавен повик за проекти во областа на животната средина

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) организираше работилница за подготовка на Јавен повик за проекти, во просторот на Јавна соба, во Скопје. Како што беше истакнато од Јован Деспотовски, директор на ФИТР, со Јавниот повик, прв вон рамките на постојните инструменти на Фондот, ќе се финансираат проекти за технолошко решение за намалување на загадувањето на воздухот. Со објавување на Јавниот повик се следи концептот „од идеја, преку дискусија и дебата, до конкретна акција“.

Акцискиот наслов на иницијативата, во чии рамки се организира Јавниот повик е „О2 предизвик“, со цел потенцијалните апликанти и пошироката заедница да дадат свое видување, а со тоа и придонес во поуспешен процес и фокус на поквалитетни и одржливи решенија.

FullSizeRender1

Голема заинтересираност за Јавниот повик за проекти во областа на животната средина

Во најкус рок, веднаш по сумирање на клучните поенти од дискусиите и предлозите и нивно интегрирање во Правилникот, Фондот ќе го објави Јавниот повик. Проектите ќе се финансираат со средства обезбедени од страна на Владата на Република Македонија.