Работилница на тема: „Иновирање во големите компании“ со Гери Стјуарт, директор на Wayra
Фондот за иновации и технолошки развој, на почетокот на април во соработка со Macedonia 2025 одржа работилница на тема: „Иновирање во големите компании“ спроведена од Гери Стјуарт, директор на Wayra UK, на која присустуваа менаџери и високи претставници на ЕВН Македонија, KAM MARKET, Telekom MK, Alkaloid AD Skopje, Euromax Resources и Cosmic Development. Со овој настан, но и во иднина, ФИТР ќе продолжи со поттикнување на иновациската дејност кај големите компании во Македонија, како и на соработката помеѓу тие компании и стартап претпријатијата.