Саем за индустрија и образование
Институт за стандардизација на Република Македонија во периодот од 7-8 јуни 2016 година ќе го организира XII-то Генерално годишно собрание на CEN и CENELEC (Европски тела за стандардизација), кое ќе се одржи во хотелот “Александар Палас” во Скопје. На настанот се очекува присуство на околу 60 земји учеснички и преку 250 претставници на земјите членки на CEN и CENELEC. Во организација на овој настан ИСРМ предвиде можност македонските компании да ги претстават своите производи и услуги пред ваков европски аудиториум.
За таа цел Ве информираме и повикуваме да земете учество на Саемот за индустрија и образование со претставување на Вашата компанија во една од халите во хотелот “Александар Палас” во Скопје, каде што е планирана можност да се закупи штанд за време на одржување на настанот. За сите подетални информации можете да го посетите сајтот http://www.isrm.gov.mk/event/skopje2016.html