Во Сојузот на стопански комори на Македонија на 10.04.2014 г. беше промовиран Фондот за иновации и технолошки развој од страна на Министерот за образование и наука г-дин Спиро Ристовски и директорката на Фондот г-ѓа Јасмина Поповска.

Министерот Ристовски изјави дека ќе се пристапи кон комплетно информирање на сите субјекти, индивидуални или правни кои сакаат да се вклучат во овој процес, а со цел да добијат што поквалитетни апликации и проекти. Министерот исто така додаде дека за државата овој процес е многу важен бидејќи значи директно поврзување на иноваторите со компаниите кое ќе донесе до зголемување на увозот и извозот и до директен развој.

 Untitled_opt

Директорката на Фондот за иновации и технолошки развој истакна дека клучна цел на Фондот, формиран минатата година е поттикнување и промовирање на иновациската дејност што ќе придонесе за креирање на економија базирана на знаење, поголем економски раст и нови работни места. Исто така таа напомена дека оваа година на компаниите им се достапни околу два милиони евра од Фондот, а квалитетот ќе биде единствен критериум за поддршка на проектите. Во наредниот период Фондот започнува со информирање и промовирање на инструментите директно пред потенцијалните корисници заедно со општините, стопанските комори и факултетите.

Според Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, г-дин Златко Калеников формирањето на Фондот е на барање на бизнис заедницата и тој треба да ги поврзува македонските компании и иноваторите.