FullSizeRender[1]

Со иновации до решавање на загадувањето на воздухот во урбаните средини

Фонд за иновации и технолошки развој од денес 3 ноември до 30 ноември започнува „О2 предизвик“ – јавен повик за финансирање на проекти за намалувањена загадувањето на воздухот.

„Овој повик се однесува на сите микро, мали и средни претпријатија кои сакаат да развијат иновативен производ, услуга, процес или методологија која ќе помогне во решавање на проблемот со загадувањето на воздухот. Во реализација на проектите охрабруваме вклучување и на НВО сектор и академска заедница, за што компаниите -апликанти ќе бидат посебно вреднувани преку критериумот – проектен тим. „О2 предизвикот“ е дел од новите иницијативи во работењето на Фондот, меѓу кои и примена на иновации во јавен сектор“ – вели Јован Деспотовски директор на „Фондот за иновации и технолошки развој“.

FullSizeRender5

„О2 предизвик“ е создаден за поттикнување на иновативни идеи и акции кои ќе водат кон решавање на проблемот со загадување на воздухот во урбаните средини во Македонија

„О2 предизвикот“ бара решение/ја во една од следниве области: Користење на енергија за греење, Транспорт и мобилност и Градежништво и урбани алтернативи.

Предложените проекти треба да резултираат со видливи резултати, како што e нова услуга за граѓаните, нов ефикасен и еколошки производ, поефикасна јавна услуга или пак промена на однесувањето на граѓаните.

Вкупниот буџет за О2 предизвик изнесува 6.000.000 денари. Наградувањето ќе се врши согласно со рангирањето на предлог – проектите сé до исцрпување на вкупниот износ на буџетот. Оценувањето, селекцијата и донесувањето на конечна одлука за избор на победници, се врши од страна на Комисија за оценување и избор.

Повеќе информации за повикот на следниот линк www.fitr.mk/O2predizvik;

FullSizeRender[3]

Лујза Витон – директор на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Макеоднија и Јован Деспотовски – директор на Фондот за иновации и технолошки развој

Во реализацијата на „О2 предизвикот“ се вклучуваат и Министерството за животна средина и просторно планирање и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), како и партнер организации и експерти.

Инаку О2 предизвик претставува пилот-проект за дизајнирање и воведување на нов Инструмент на Фондот за иновации и технолошки развој за примена на иновации во јавен сектор. Во подготвителна фаза се натрпевари и предизвици и во други области, пред се во образованието.