На 10 јуни, 2014 година, директорка на Фондот за иновации и технолошки развој Јасмина Поповска ги претстави можностите за финансирање пред членките на Стопанската комора на Македонија. Настанот претставува продолжение на веќе воспоставената соработка помеѓу Фондот и Стопанската комора.

 skm2_opt

Оперативниот директор на Стопанската комора на Македонија, м-р Елена Милевска Штрбевска истакна дека Комората од неодамна има воспоставено соработка со Фондот за иновации и технолошки развој. Преку  Регионалната  комора со седиште во Охрид веќе се одржа презентација на финансиските грантови што ги доделува Фондот за микро, мали и средни компании, а планирано е ваквата практика да продолжи на регионално ниво заради помасовна  промоција и поддршка на иновативни и креативни проекти од кои бенефит ќе има целото општество.

 SKM1_opt

Во таа насока, Стопанската комора на Македонија со ваквите активности и настани и во иднина ќе посветува сериозно внимание за развојот на иновациите во Република Македонија,  преку промоција и поддршка на иновативни проекти кои ќе обезбедат зголемување на конкурентноста и квалитетот на производите, а крајна цел на целиот тој процес е развој на општеството.

 skm3_opt

Директорката на Фондот истакна дека целта на настанот е промоција на финансиски инструменти наменети за поддршка на иновациската дејност и приближување на условите за финансирање до потенцијалните корисници, како и поттикнување на иновативни проекти од страна на бизнис заедницата.

На настанот беа претставени можностите и условите за финансирање за четирите инструменти наменети за подршка на иновации, воведување нови технологии во работата на домашните компании и почнување нови бизниси темелени на иновтивни решенија.