На 26ти март, четврток, во Прилеп се одржа последниот од низата информативни настани на Фондот за иновации и технолошки развој низ Република Македонија.

 Во соработка со Секторот за локален економски развој на општина Прилеп, во просториите на градската библиотека се одржа презентација за првиот јавен повик за доделување на Кофинансирани грантови за старт-ап, спин-оф трговски друштва и иновации.

Присутните претставници на локалните компании, иноваторите како и младите претприемачи имаа можност подетално да се запознаат со правилата и процедурите за аплицирање на првиот повик, како и да слушнат насоки за пополнување на апликацискиот пакет.

Фондот им посакува успех на оние кои ги подготвуваат своите предлог проекти и се надева дека со настаните организирани низ републиката допринесе кон поквалитетни и успешни проекти.