Како дел од промотивните активности на Фондот за иновации и технолошки развој, на ден 28.05.2014 во соработка со Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), при Универзитетот Св. Кирил и Методиј Скопје, беше организиран информативен настан за студентите од овој факултет.

IMG_1728_opt

Директорката на Фондот г-ѓа Јасмина Поповска ги презентираше можностите за финансирање на иновациската дејност преку одделните инструменти, приближувајќи ги условите за финансирање до студентите и професорите како потенцијални корисници, преку основање на спин оф претпријатија. Таа апелираше до студентите да побараат можност за реализација на нивните иновативни решенија, да аплицираат со свои проекти во Фондот и да се охрабрат да започнат сопствен бизнис. Преку инструментот за новососновани претпријатија студентите може да ги искористат можностите за започнување сопствен бизнис врз основа на иновативен проект, додека преку спин оф претпријатијата тие може да основаат претпријатие заедно со професорите и факултетите и доколку соработуваат на истражувачки проект за време на нивните студии истиот да го комерцијализираат преку спин оф претпријатие.

IMG_1736_opt

Директорката истакна дека ќе следи серија на други настани за информирање, вмрежување и обуки за пополнување на апликации, наменети за професорите и студентите во рамки на факултетите во Македонија.