На 22.05.2014 г. пред раководството и професорите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ), директорката на Фондот за иновации и технолошки развој, г-ѓа Јасмина Поповска ги презентираше можностите за финансирање од страна на Фондот. Овој настан беше организиран со цел да се промовираат одделните финансиски инструменти за поддршка на иновациската дејност и да се приближат условите за финансирање до професорите и факултетите како потенцијални корисници преку основање на спин оф претпријатија.

Раководството на Факултетот ја поздрави иницијативата за финансиска поддршка на иновациите во Република Македонија, потенцирајќи дека овој вид на поддршка е одлична можност за пренесување на резултатите од научните истражувања во апликативни и комерцијални активности, како и за обезбедување на нови работни места за најдобрите студенти на факултетите со што би се спречилo одлевањето на вискообразована работна сила од Македонија.