На 11.06.2014 г. Студентскиот парламент при Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство (СП ФИНКИ) во коорганизација со студентскиот парламент при Факултетот за Електротехника и Информациски технологиии (СП ФЕИТ), го организираа Go4Funding, еднодневно предавање за студентите од овие факултети кое ги опфати сите теми кои што се поврзани со можностите и начините за реализирање на една бизнис идеја.

finki_opt

На настанот директорката на Фондот за иновации и технолошки развој, г-ѓа Јасмина Поповска, ги презентираше можностите кои ги нуди Фондот за финансирање на почетни бизниси и спин оф претпријатија, а чии потенцијални корисници може да бидат студентите на факултетите во Македонија. Таа апелираше до студентите кои имаат иновативни проекти да започнат со подготовка на апликациите до Фондот, како и доколку имаат потреба да земат учество на насатните за вмрежување кои ќе ги организира Фондот со стопанските комори, каде може да најдат соодветен партнер за реализиација на бизнис идејата.

finki1_opt

На овој настан свои презентации имаа и Ирена Чаушевска, иницијатор, коосновач и генерален менаџер на првиот акцелератор во Република Македонија NewMan’s Business Accelerator, која што ќе ви ги доближи можностите кои што ги нуди акцелераторот за успешно основање на старт ап компанија како и Илија Вучков, Претседател на EMKICE, кој што го доближи процесот и можностите за обезбедување поддршка за иновативен развој на нови старт ап компании, преку европски фондови и странски и домашни инвестиции.