ФИТР ФЕИТ ЕТАИ настан во Струга

ФИТР ги презентираше можностите за поддршка на истражувачи на ЕТАИ конференцијата 2018

Во рамките на ЕТАИ конференцијатата 2018 претставници на Фондот за иновации и технолошки развој ги презентираа инструментите на ФИТР и можностите за поддршка на истражувачи. Во оваа насока, беше посочен и „О2“ предизвикот за иновативни идеи и акции со цел намалување на загадувањето во урбаните средини и можностите за финансирање на слични проекти во иднина.

Конференциите на ЕТАИ се организирани од Здружението за ЕТАИ и Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ). Тоа се најголемите меѓународни средби на експерти од научната сфера и деловната заедница во Македонија и регионот во областа на електрониката, телекомуникациите, автоматиката и информатиката. ЕТАИ 2018 е четиринаесеттата по ред тематска конференција и традиционално се одржа во амбиент на природните убавини и културното наследство на охридскиот регион, заштитен од УНЕСКО.

Следејќи го интердисциплинарниот карактер на конференциите, главната цел на ЕТАИ 2018 е да ги поврзе научните работници, истражувачите и практичарите да ги презентираат своите активности и да разменат искуства и согледувања за понатамошните перспективи во врска со главните теми на Конференцијата: паметни решенија за урбани средини, интернет на нештата, дигитална економија, заштита на податоци и обработка на големи (масовни) податоци. Целта е создавање форум на кој би се презентирале теоретските и практичните искуства пред деловната заедница од јавниот и приватниот сектор и би иницирале подобра и поефикасна соработка на заеднички проекти.