FITR_sajt_na_godinata_2017

fitr.mk со второ место на манифестацијата „Сајт на годината 2017“

Интернет страницата на Фондот за иновации и технолошки развој (fitr.mk) освои второ место на манифестацијата „Сајт на годината 2017“ во категоријата „Владини / Државни институции“.

Победник во категоријата е сајтот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот и патиштата (rsbsp.org.mk), а третото место и припадна на веб страницата на општина Крива Паланка (krivapalanka.gov.mk).