Фондот за иновации и технолошки развој се претстави во рамките на МАКИНОВА 2014– ЕКОНОВА  2014.

 fond2210

На 17 октомври, 2014та година, на Скопскиот саем, ФИТР одржа презентација на целите и инструментите на Фондот. Пред присутните иноватори беа претставени можностите и условите за финансирање на проекти базирани на иновативни идеи и решенија. Претставници на ФИТР накусо ги претставија целите на финансиските инструменти и одговараа на прашањата на публиката.

 fond2210_1

Беше потенцирано дека ограничувањата кои постојат во поглед на условите на финансирање и трошоците кои се покриваат за одреден иниовативен проект произлегуваат од потребата за комерцијализација на иновациите, односно нивна примена со очекување за повраток на вложените јавни средства. Воедно, со почит кон работата на докажаните иноватори, претставниците на Фондот го образложија широкото толкување на терминот „иновација“ како примена на нов или значително подобрен производ, технологија, процес или услуга и ги повикаа иноваторите да конкурираат со свои предлог проекти на отворените повици кои ќе бидат објавени под секој од инструментите на Фондот.