Макинова и Еконова ФИТР на Технома 1

ФИТР на Технома 2018 – Поддржани манифестациите Макинова и Еконова

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) ги поддржа манифестациите „Макинова“ и „Еконова“ кои годинава во рамките на Технома ги организира СПАТУМ – Сојузот на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања на Македонија, во соработка со Народна техника на Македонија.

Макинова и Еконова ФИТР на Технома 3

Овие манифестации се одржуваат од 24ти до 28ми Октомври и во фокусот ја ставаат енергетиката, заштедата на енергија, користењето на материјали за енергетска ефикасност, заштитата на околината и рециклирањето. Изложбата на пронајдоци, иновации, нови технологии, нови производи, унапредувања, индустриски дизајн, трговски марки и младинско истражувачко и креативно творештво – Макинова 2018 се одржува по 39ти пак, заедно со 16-та изложба Еконова 2018.

Оваа година сите посетители ќе можат да бидат дел од 44. издание на Технома – меѓународниот саем на металургија, електроника, енергетика, неметали, градежништво, обезбедување и заштита, 15. издание на меѓународниот Саем за градежништво, градежни материјали и градежна механизација придружен со 8-миот саем за недвижности и инвестиции – Realexpo.

Макинова и Еконова ФИТР на Технома кутија со донации за Сара Настеска

Истовремено, во периодот на одржувањето на манифестациите, ФИТР се приклучува на огромниот број на хумани граѓани, организации и компании кои помагаат и донираат за лекувањето на Сара Настеска од Охрид.

На 25.10 е поставена кутија за донации. Собраните финансиски средства од страна на хуманите граѓани до завршувањето на Саемот на 28.10 ќе бидат донирани за Сара заедно со досега собраните финансиски средства од страна на вработените во ФИТР.

Макинова и Еконова ФИТР на Технома 2