ФИТР објавува оглас за вработување

imageedit_1_4263266447

Врз основа на член 22 став 8 од Законот за вработените во јавниот сектор (Сл. весник на РМ бр. 27/14, 199/14 и 27/16), а во согласност со член 22 и 23 од Законот за работните односи (Сл. Весник на РМ бр. 62/05… 27/16),  ) Фондот за иновации и технолошки развој објавува

ЈАВЕН ОГЛAС

За вработување на  3 (три) извршители на определено време и тоа:
1.„Раководител на Одделение“ во Одделение за  правни работи, јавни набавки и архива во Сектор за општи и правни работи и финансии. Раководителот раководи со одделението, изготвува и учествува во изготвувањето поединечни правни акти; подготвува одлуки, решенија, договори и други акти; изготвува правни мислења и ставови и соработува со надлежните органи; го планира, организира и координира спроведувањето на постапките за јавни набавки; извршува активности поврзани со човечки ресурси; подготвува општи и конкретни акти од областа на работните односи и организира спроведување здравствена заштита при работа на работниците и води евиденција за извршените прегледи; управува со човечки ресурси; врши мониторинг на спроведувањето на проектите на корисниците на инструментите за поддршка на Фондот од правен аспект, како и спроведува теренска посета на претселектиранитеапликанти; врши организирање, насочување и координација на работата, непосредна контрола и надзор над извршувањето на работите, распоредување на работите и задачите и се грижи за правилно и навремено извршување на работите во врска со приемот, архивирањето и чувањето на материјалите (документите).

 

Основна нето плата: приближно 28.282 денари.

 

Покрај општите услови предвидени со Законот, кандидатите за ова работно место треба да ги исполнуваат и следниве посебни услови: најмалку ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на правни, економски науки или образование, најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор и тоа работно искуство во областа на правото, економијата, финансии, јавни набавки, архивирање и/или канцелариско работење, познавање на англиски јазик, напредна работа со компјутер во word и excel.

 

  1. „Раководител на Одделение“ во Одделение за спроведување на програми во Сектор за програмски активности. Раководителот раководи со одделението, подготвува јавни повици за доделување на финансиски средства за инструментите за поддршка на Фондот,врши анализа и евалуација на предлог – проектите за одделните инструменти за поддршка на Фондот и подготвува ранг-листа за Комитетот за одобрување на инвестиции, врши набљудување и контрола на спроведувањето на одобрените предлог – проекти, како и спроведува теренска посета на претселектираните апликанти, организира единствена евиденција на податоци и документација за предлог – проектите.

 

Основна нето плата: приближно 28.282 денари.
Покрај општите услови предвидени со Законот, кандидатите за ова работно место треба да ги исполнуваат и следниве посебни услови:најмалку ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на економски науки, правни науки или компјутерска техника и информатика, најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор и тоа работно искуство во областа на право, економија, финансии, иновации, мали и средни претпријатија, меѓународни организации и/или управување со проектен циклус, познавање на англиски јазик, напредна работа со компјутер во word и excel.

  1. „Раководител на одделение“ во Одделението за финансии и сметководство во Секторот за општи и правни работи и финансии. Раководителот раководи со работата на одделението, изработува годишни и периодични финансиски извештаи на Фондот, одговорен e за процедурите на плаќања, изготвува квартални и годишни извештаи за искористеноста на средствата од заемот од Светска банка и за потребите на Министерство за финансии; подготвува буџети и работи на финансиско планирање на средствата на Фондот, подготвува податоци и активно учествува во извршувањето на процесот на надворешната и внатрешна ревизија на финансиското работење и известување на Фондот и подготвува податоци и го координира годишниот попис, врши мониторинг на спроведувањето на проектите на корисниците на инструментите за поддршка на Фондот од финансиски аспект, како и спроведува теренска посета на претселектираните апликанти.

Основна нето плата: приближно 28.282 денари.
Покрај општите услови предвидени со Законот, кандидатите за ова работно место треба да ги исполнуваат и следниве посебни услови:најмалку ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на економски науки, најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор и тоа работно искуство во областа на економија, финансии, ревизија и/или сметководство, познавање на англиски јазик, напредна работа со компјутер во word и excel.

 

 

Сите кандидати ќе бидат тестирани за познавањето на англиски јазик.
Работната недела трае 5 работни дена, од понеделник до петок. Полното работно време на работникот изнесува 40 часа неделно, а во текот на работниот ден ќе трае 8 часа и тоа со почеток од 08:30 часот до 16.30 часот.
Сите објавени работни места се на определено време со времетраење до 31.12.2017 година, но постои можност за продолжување на договорот со цел истиот да трае вкупно 1 (една) година. Со избраните кандидати ќе се скучи договор за вработување на определено време.

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Потребни документи за аплицирање:

  • кратка биографија на македонски јазик.

Документите е потребно да бидат испратени на следната адреса:

Фонд за иновации и технолошки развој, бул. Гоце Делчев бб, зграда на МРТ, 20 кат  1000 Скопје, Република Македонија и/или на е-маил: info@fitr.mk

Краен рок за аплицирање е 04.04.2017 година.

Ненавремената и некомплетна документација нема да биде разгледувана.
Изборот на работниците кои ќе засноваат работен однос во Фондот за иновации и технолошки развој ќе се изврши во рок од 45 дена од денот на истекот на рокот за пријавување.

Се охрабруваат сите кандидати кои сметаат дека се способни, мотивирани за тимска работа и ги исполнуваат условите да аплицираат на овој oглас.

Напомена: Сите апликации ќе бидат внимателно разгледувани од страна на независна и стручна комисија. Кандидатите кои ги исполнуваат потребните услови и имаат уредна апликација ќе бидат контактирани.

Повеќе информации за дејноста на Фондот за иновации и технолошки развој може да се најдат на www.fitr.mk