На ден 24.04.2014, пред наставно-научниот совет на Машински факултет Скопје, при Универзитетот Св.Кирил и Методиј Скопје,беа претставени можностите за финансирање на Фондот за иновации и технолошки развојод страна на директорката, г-а Јасмина Поповска. На настанот присуствуваа претставници на Сојузот на Стопански Комори на Македонија (ССК).

Директорката на Фондот истакна дека овој настан е втор кој е организиран во рамки на универзитетите од страна на Фондот, односно претходниот ден (23.04.2014 г.) беше остварена информативна средба со раководството на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), а наредниот месец ќе следи серија на други настани за информирање, вмрежување и обуки за пополнување на апликации, наменети за професорите и студентите во рамки на овие факултети, како и на другите универзитети во Македонија.

Целта на ваквите настани е промоција на одделните финансиски инструменти за поддршка на иновациската дејност и приближување на условите за финансирање до потенцијалните корисници, како и поттикнување на заедничките проекти помеѓу универзитетите и бизнис заедницата. Исто така, Фондот апелира до студентите да побараат можност за реализација на нивните иновативни решенија, да аплицираат со свои проекти во Фондот и да се охрабрат да започнат сопствен бизнис.

Раководствата на овие два факултети ја поздравија иницијативата за финансирање на иновациите во Македонија и истакнаа дека оваа поддршка е особено добредојдена за пренесување на резултатите од научните истражувања во апликативни и комерцијални активности преку спин-оф компании.

Фондот за иновации и технолoшки развој има за цел промовирање и поттикнување на иновациска дејност, подобрување на пристапот до финансиски услуги за иновации, развивање на инфраструктура за иновации и технолошки развој и развој на партнерства помеѓу универзитетите, истражувачките центри и приватниот сектор во РепубликаМакедонија. Фондот ги поттикнува иновациите и нивното вклучување во главните текови во приватниот сектор (комерцијализација), за да изгради конкурентна економија основана на знаење.

Преку Фондот за иновации и технолошки развој, ќе се обезбедат средства за поттикнување на иновативноста кај компаниите преку 5 финансиски инструменти, и тоа:

1. Кофинансирани грантови за start-up, спин-оф компании и иновации
2. Кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации
3. Кофинансирани грантови за трансфер на технологии
4. Техничка помош преку деловно-технолошки акцелератори
5. Техничка помош за компании

fond-za-inov-razvoj