На 18.04.2015 беше затворен првиот повик за финансирање проекти под инструментот кофинансирани грантови за „старт-ап“, „спин-оф“ трговски друштва и иновации на Фондот за иновации и технолошки развој.

Беше покажан голем интерес од страна на македонските претпријатија и во дадениот рок беа примени 76 апликации. Најмногу од предлог-проектите се во областа на информатички и комуникациски технологии, каде што спаѓаат скоро половина од добиените проекти. Сите апликанти се веќе контактирани од страна на Фондот со повратна информација, апликантите кои не доставиле целосна документација ќе бидат дополнително известени по електронски пат и ќе треба да ги достават потребните документи во рок од пет дена. Потоа ќе следи процес на евалуација од страна на Комитетот за одобрување на инвестиции. Покрај иновативноста, критериумите за избор на проектите се и пазарниот потенцијал, капацитетот на менаџерскиот тим, соодветност на предвидените трошоци, како и целокупниот квалитет на проектот. Се очекува процесот на евалуација и селекција да заврши до јуни месец и потоа да се потпишат првите договори за ко-финансирање со избраните претпријатија.
За овој повик се обезбедени 600.000 евра, наменети за финансирање на микро, мали и средни претпријатија регистрирани во Република Македонија, коишто постојат најмногу 6 години, а е со цел поттикнување на иновативноста кај претпријатија, имплементирање на иновативни решенија и поддршка на претпријатија кои имаат висок потенцијал за раст.