ЈАВНА КОНСУЛТАЦИЈА ПО ОДНОС НА ВОВЕДУВАЊЕ НОВА МЕРКА ЗА ПОДДРШКА НА НАУЧНО-ТЕХНОЛОШКАТА ИЗВОНРЕДНОСТ И ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО КАЈ УЧЕНИЦИТЕ И МЛАДИТЕ

 

Почитувани,

Фондот за иновации и технолошки развој подготвува нова мерка за јакнење на капацитетите на учениците и младите во насока на поттикнување на науката, технологијата и иновациската дејност.  

Со цел да го унапредиме процесот на консултација во тек на изработката на јавните политики, документите за оваа мерка се јавно достапни на следните линкови нацрт Правилник за доделување средства за поддршка на научно-технолошката извонредност и претприемништвото кај учениците и младите и нацрт Образец за Проектна апликација. Фондот високо ќе го цени Вашето учество и ќе ги земе во обзир сите препораки и коментари доставени од Ваша страна при изработката на конечните верзии на документите за оваа мерка.

Рокот за доставување на Вашите препораки и коментари е 29.02.2020 години.

Ви благодариме за придонесот