NewMan’s Business Accelerator  и Пи Ворлд организираа професионален четиридневен BootCamp, програма наменета за секој претприемач, кој е подготвен да ја процени и потврди остварливоста на својот бизнис концепт, да изгради ефикасен бизнис модел, успешно да го води и брендира производот  односно услугата. Настанот беше одлична можност да се добијат информации за пристап до финансии,  управување со трошоци, развивање  успешен  маркетинг план и продажни тактики. Воедно овозможи одлично практично искуство и средби со менаџери кои ги пренесоа своите корпоративни знаења.

Slika3

Дел од овој настан беше и Фондот за иновации и технолошки развој, каде в.д. директорката Билјана Симеонова ги презентираше инструментите и активностите на Фондот, кои ќе обезбедат средства за поттикнување на иновативноста кај компаниите, и тоа:

1.Кофинансирани грантови за старт-ап, спин-оф компании и иновации
2.Кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации
3.Кофинансирани грантови за трансфер на технологии
4.Техничка помош преку деловно-технолошки акцелератори

Посебен акцент беше ставен на првиот Инструмент за кофинансирање на старт-ап, спин –оф компании и иновации, со оглед на тоа што присутни беа млади луѓе заинтересирани за започнување на свој бизнис. Младите имаа прашања во однос на условите за аплицирање, дејности кои ќе се поддржуваат од страна на Фондот, финансиските средства кои ќе се доделуваат итн.

Slika4

Учесниците на овој настан имаа можност преку поставените прашања поблиску да се запознаат со начините за аплицирање и условите за добивање финансиски средства од страна на Фондот.

На овој четиридневен настан своите искуства и знаење го споделија Павлина Трпкова, Основач и извршен директор, ЕФПАЛ консалтинг, Илија Вучков, Сериски претприемач и Претседател на ЕМКИЦЕ (Euro Macedonian Knowledge Innovation Center), Васко Карангелевски, Сопственик и директор, KA Group Consulting, Коста Петров, Основач и извршен директор, Пи Ворлд и Автор на Се гледаме на врвот и Стравот, Ирена Чаушевска, Со-основач и Генерален менаџер, NewMan’s Business Accelerator, Илијанчо Гаговски, Основач и извршен директор, PrymApps и поранешен директор на Microsoft во Македонија, Кочо Анѓушев, Основач и Извршен директор, Феро Инвест, Петар Андреевски, Со-основач на Брокерско друштво Euro House и Главен извршен директор на отворен инвестициски фонд (во основање), Дина Муцинска, Управител, Хотел Манастир Берово и  Владимир Трајковиќ, Партнер во NewMan’s Business Accelerator.