Петок за млади 3 фото

ФИТР: Дечиња изработија новогодишни украси за хуманитарни цели

Стотина дечиња од ОУ„Димитар Миладинов“ од Скопје, штитеници од Домот за деца без родители „11 Октомври“, Домот за деца со воспитно социјални проблеми „25 Мај“, под менторство на студентите од Факултетот за дизајн и мултимедија од универзитетот ФОН изработија новогодишни украси, честитки и слики во хуманитарната „Работилница за изработка на новогодишни декорации“ која е дел од инцијативата „Петок за млади @ФИТР“.

Во работилницата, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и министерот за здравство Венко Филипче и директорот на ФИТР, Јован Деспотовски, се заедно изработија различни видови новогодишни украси и декорации кои потоа по пат на аукција ќе се продаваат во хуманитарни цели.

петок за млади 2 фото

„Сите овие дечиња денеска навистина се потрудија да направат убави новогодишни украси и слики кои ќе ги понудиме на јавна аукција. Сите собрани средства ќе бидат ставени на посебна сметка и ќе им бидат донирани за приоритетните потреби во здравството и социјала,“ изјави Јован Деспотовски, директорот на ФИТР.

Министрите Царовска и Филипче се заблагодарија на ваквата иницијатива и за учеството во оваа работилница.

Фондот продолжува со одржување на иницијативата „Петок за млади @ФИТР“ со цел да им обезбеди на младите поинаква средина од вообичаените училници и да ги поттикне да размислуваат критички и креативно, во насока на развивање сопствени вештини и знаења, но и да се поттикне свеста за социјална одговорност и поддршка на ранливите категории граѓани.

Петок за млади 1 фото