Demo Day“ на „X Factor Accelerator“ од Велес 1

Креираме можности со цел младите да започнат свој бизнис и да останат дома – „Demo Day“ на „X Фактор Акцелератор“ во Велес

Одржан „Demo Day“ на „X Factor Accelerator“ од Велес – Презентирани бизнис идеите на 8 стартап тимови од првиот инвестициски циклус пред Комитетот за одобрување инвестиции.

„Demo Day“ е финален настан од првиот инвестициски циклус, во кој можноста за аплицирање ја искористија 50 апликанти. Од нив, низ процесот на евалуација кој финишираше со испорака на интензивна тримесечна предакцелераторска програма, беа селектирани овие 8 стартап тимови за учество на претстојниот Demo Day.

Demo Day“ на „X Factor Accelerator“ од Велес 2

Директорот на ФИТР, Јован Деспотовски пред почетокот на настанот рече дека државата почна да ги поттикнува младите луѓе да го развиваат својот креативен потенцијал.

„Акцелераторот е еден одличен пример за ова што го зборувам. Ако пред две години зборувавме со „ќе“, за некое идно време, денеска зборуваме за нешто што се случува. Драго ми е што гледам се повеќе млади луѓе со стартап идеи“, рече Деспотовски.

Тој додаде дека очекува и нови партнери да се придружат во креирање на повеќе можности со цел младите да започнат свој бизнис и да останат во дома. Нашата земја ги следи практиките на развиените економии и постепено станува место со широки можности за младите луѓе, посочи Деспотовски.

Акцелераторот во Велес е поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој во соработка со Светска банка, а преку инструментот за поддршка – кофинансирани грантови за воспоставување, работење и инвестиции на деловно – технолошки акцелератори.

Demo Day“ на „X Factor Accelerator“ од Велес 3

Исто така, во рамки на глобалната „Недела на ретприемништво“ заедно со Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и со поддршка на „Стартап Македонија“, X Factor Accelerator организира серија на настани со цел младите и студентите да бидат подобро информирани и поттикнати за учество во програмите и мошностите што им се нудат преку стартапи во нивната родна земја.