Дигитален самит на Западен Балкан во Белград 1

Отворање и транспарентност на институциите преку дигитализација – Деспотовски на Дигитален самит во Белград

Директорот на ФИТР Јован Деспотовски учествува на вториот Дигитален самит на Западен Балкан кој се одржува во Белград. На панелот “Дигитална економија и опшетство“ на кој главни теми беа зголемување на транспарентноста на јавната администрација и поголема употреба на отворени податоци, Деспотовски изјави:

„Демократизацијата на општеството сакаме да ја постигнеме и преку целосно отворање и транспарентност на институците. Во тој процес ги вклучуваме и домашните компании како и граѓанското општество. Програмата “Пристап“ која ја започнавме во 2018 година со Министерството за транспорт и врски нуди токму таква можост – домашните ИТ компании преку отворање на податоците од системите на институциите да ги искористат за изработка на решенија кои ќе овозможат нивна отвореност, но и ефикасност. Дигитализацијата на општеството и јавниот сектор е исто така и еден од трите столба на Научно технолошкиот парк, кој неодамна беше отворен во Скопје,“ нагласи, меѓу другото, Деспотовски во своето излагање.

Дигитален самит на Западен Балкан во Белград 2

Сите панелисти се согласија дека постои и поголема потреба од регионална соработка на ова поле кое ќе донесе позитивни придобивки за граѓаните. Тие ги споделија искуствата од своите земји и побараа да се направи регионална база во која ќе се интегрираат отворените податоци кои ќе му бидат од корист и на бизнис секторот.

На панелот покрај Деспотовски, учествуваа и Сузана Прибиловиќ, министер за јавна администрација на Црна Гора, Одета Барбулиши заменик министер за надворешни работи на Албанија, Михајло Јовановиќ, директор на канцеларијата за информатичка технологија на Србија и Славиша Лечиќ, советник за корисници од САП.

Инаку на Дигиталниот самит, овие два дена во Белград се присутни околу 4.000 учесници и 200 говорници од 30 економии, кои ги претставуваат најновите трендови во областа на ИТ индустријата.