ФИТР одржа инфо сесија за јавниот повик „СтартАПувај“ во Стопанската комора на Македонија
Претставници на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) одржаа Инфо сесија за јавниот повик #Стартапувај во Стопанската комора на Македонија.
Целта на овој јавен повик е финансиска поддршка на новоосновани старт-ап и спин-оф компании и истиот се спроведува со поддршка на Светската банка.
Линк и повеќе информации за повикот: fitr.mk/startapuvaj
Следната инфо сесиjа за овој јавен повик е предвидено да се одржи во Охрид, а веќе се одржаа вакви настани во Скопје, Битола, Тетово, Штип, Прилеп и Струмица.