Потишан Меморандум за соработка помеѓу ФИТР и Филозофски факултет

ФИТР потпиша Меморандум за соработка со Филозофскиот факултет во Скопје

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) го зголемува бројот на свои соработници, постојано стремејќи се да го унапредува образованието и воведувањето на иновации во едукативниот процес.

Потпишаниот Меморандум со Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ има за цел:

  1. Истражувања и поддршка на наставно-научни настани кои го промовираат концептот на иновативност во образованието, науката и општеството
  2. Поддршка на Меѓународната недела на тема „Иновациите во хуманистичките и општествените науки“, која ќе се одржи од 17-21 Февруари 2020 година
  3. Стручна и научна експертиза од доменот на хуманистичките и општествените науки, за потребите на Фонд за иновации и технолошки развој

Во 2019 година семејството на #ФИТР надмина 30 партнерски домашни и меѓународни организации. Оваа година заеднички продолжуваме со зголемувањето на нивниот број и воведувањето на вистински општествено-економски промени од интерес за секој граѓанин и државата во целина!