ФИТР повторно организира работилница за подготовка на апликации за „СтартАПувај“
Поради големиот интерес, ФИТР повторно организира работилница за подготовка за апликации на предлог проекти во рамки на тековниот јавен повик „Стартапувај“.
Работилницата која ќе биде според истата програма како и претходната, ќе се одржи од 26 до 28 ноември 2018 год, во просториите на ФИТР во ГТЦ (1 спрат, спроти Жена Парк), во соработка со Швајцарската програма за претприемништво (Swiss Entrepreneurship Program).
Работилницата ќе ја водат експерти со меѓународно искуство од областа на претприемништвото, а во текот на трите дена тие ќе ги обучуваат присутните за различни видови бизнис модели, валидација и анализа на пазар, подготовка на финансиски проекции, подготовка на стратегија за лансирање и продажба на производ и др.
Бидејќи местата за учесниците се ограничени.и замолуваме сите заинтересирани најдоцна до 23.11.2018 година (петок) задолжително да се пријават на следниот линк:
https://goo.gl/forms/OoLYsA8yjH3GTQih1
Учеството во работилницата е бесплатно!