Space Tech Convention & NASA Space Apps Challenge Macedonia 1

ФИТР ја поддржа првата Space Tech Конвецијата која се одржа во регионот

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) ја поддржа Space Tech Convention & NASA Space Apps Challenge, прв настан од ваков вид во регионот.

Настанот, кој се одржа од 21-23 Октомври во Скопје со воведно предавање го отвори Брус Питман, главниот стратег на НАСА за сорaботка со комерцијалната вселенска индустрија, како и претставници на комерцијалнииот сектор кои директно соработуваат со NASA, ESA, CNES, германската, холандската и други вселенски агенции.

Space Tech Convention & NASA Space Apps Challenge Macedonia 2

На Space Tech Конвецијата која беше во организација на Њуменс бизнис акцелератор (NewMan’s Business Accelerator), се претставија и 4 македонски компании – кориснички на финансиска поддршка од ФИТР:

  • Металотехника ДОО со проектот „Невидлив термостоп“ – Воведување на течна термо изолација во производствениот процес, односно производство на транспарентен (invisible) термостоп или нано керамика која придонесува кон заштеда на потрошувачката на електричната енергија и заштита на животната средина. Квалитетот на материјалот е постигнат со примена на најнова врвна нанотехнологија.
  • Веда ДОО со проектот „Аеросолен систем за брзо гасење пожар“ – Аеросолен уред за гаснење пожар во компјутерски рак-системи (ормани) кој во потполност ги исполнува бараните пропишани стандарди, а со својата ефикасност далеку ги надминува постојните системи. Производството на супстанцата за аеросолно гасење на пожар се базира на технологиите за производство на термопластични композитни материјали.
  • Vision Dynamix со проектот „Развој на систем за симултано локализирање и 3D мапирање, Тера Мапер“ – Производот „Тера Мапер“ претставува систем за изработка на тродимезионални мапи од воздух со голема точност во рангот на ласерските скенери, но со многукратно пониска цена, а со поголема брзина на процесирање. Примената би била во голем број дејности и индустрии меѓу кои најзначајни се: ГИС системи, геодетски мерења, картографија и урбанистичко планирање.
  • Intelligent Network Solutions со проектот „Virto Scope“ – Веб платформа која со примена на напредна технологија на виртуелна реалност овозможува отворен пристап до VR 3D начин на комуникација, колаборација и презентација. Развиена во повеќе кориснички модули, интернет платформата ќе биде медиум преку кој ќе може да се прегледаат содржини од интерес во VR 3D формат на било кој уред (смартфон, таблет, PC).

Во рамките на Конвенцијата, на панелот на тема „Успешни соработки“ свое излагање во име на Фондот имаше и Тања Илијевска.

„ФИТР продолжува со креирање на иницијативи за ширење соработката помеѓу различни чинители во иновативниот екосистем со цел забрзан раст и рзвој на македонската економија. Како резултат на напорите за отварање на можностите за поддршка на домашните компании воспоставивме и ја продлабочуваме соработка со: МАНУ со цел вклучување на научната фела во поддршка на развојот и истражувањата во приватниот сектор, Македонската банкарската асоцијација (МБА) со цел зголемување на пристапот кон средства за компаниите со иновативни бизнис идеи, како и вмрежување и зголемување на соработката со меѓународни институции со цел поголема поддршка на компаниите“, истакна Илијевска.

Space Tech Convention & NASA Space Apps Challenge Macedonia 3

На панел дискусијата беа посочени и активностите на Фондот со цел промовирање на корисниците на ФИТР пред потенцијални инвеститори.

Повеќе информации за целиот настан се достапни на следниот линк: http://www.newmansba.com/space-tech-convention-mk/