Иновамак 2019 со поддршка на ФИТР 1

Ги охрабруваме младите и ги подржуваме нивните иновативни и креативни идеи – ФИТР со поддршка за „ИноваМак 2019“

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) по втор пат го поддржа престижен меѓународен настан – Меѓународен саем на пронајдоци, иновации и нови технологии „ИноваМак 2019“. Организатор на саемот е Националната асоцијација на пронаоѓачите на Македонија (NAIM), а покровител е Светската федерација на иноваторски асоцијации (IFIA).

Традиционално, Државниот завод за индустриска сопственост (ДЗИС), за време на одржувањето на Саемот доделува три парични награди во категоријата на пријавен или заштитен патент и дизајн, жена иноватор и млад иноватор. Целта на доделувањето на наградите е да се поддржат пронаоѓачите во нивната креација и нивното мотивирање во создавањето на пронајдоците кои ќе бидат успешно реализирани на пазарот.

Иновамак 2019 со поддршка на ФИТР 2

„Со поттикнување на иновативноста и талентите во нашата држава, директно придонесуваме за развојот на општеството, напредокот и економскиот развој. Истовремено создаваме услови за младите да ги резлизираат своите амбиции тука во нашата земја. Токму затоа, ваквите манифестации се многу важни и ќе продолжиме силно да ги поддржуваме.“, истакна Горан Герасимовски, заменик директор на ДЗИС.

Претставвиците на Фондот ги поттикнаа учесниците на настанот да ги искомерцијализираат своите иновативни идеи, односно да аплицираат на некој од инструментиите на Фондот.

„Фокусот на ФИТР е ставен особено на младата популација, затоа креираме програми и јавни повици со кои ги охрабруваме младите и подржуваме нивните иновативни и креативни идеи. Токму од нив почнува концептот за креативност и иновација што еден ден прераснува во бизис и претприемништво“, истакна Неда Икономова Гавриловска во името на ФИТР.

Иновамак 2019 со поддршка на ФИТР 3

Над стотина иноватори од повеќе од 20 држави ги изложуваат своите креативни и иновативни идеи на третиот Меѓународен саем на пронајдоци, иновации и нови технологии „Иновамак 2019“ што се одржа во Скопје од 24 до 26 септември.