Книготека поддржана од ФИТР Создаваме успешни приказни

„Книготека“ поддржана од ФИТР – Создаваме успешни приказни!

„Книготека“ е првата македонска дигитална книжарница за продажба на електронски книги каде на едно место може да се најдат изданијата на голем број домашни издавачки куќи.

„Нашата идеја започна пред неколку години со лансирањето на проектот Македоника. Станува збор за една благородна идеја за зачувување на целокупното македонско литературно наследство за што ја создадовме и фондацијата Македоника, како и бесплатната дигитална библиотека која овозможува читање на електронски книги“, истакна Марија Ичокаева од „Книготека“ пред присутните на настанот.

Додека го развивавме проектот со целиот тим, посочи Ичокаева, постојано го следевме пазарот на електронски книги и сфативме дека издавачите од целиот свет имаат голема потреба да креираат сопствена дигитална книжарница, како и да го прилагодат своето работење на денешните технолошки промени и брзиот развој на дигиталното општество.

„За таа цел, решивме да ја доразвиеме нашата платформа и да ја понудиме на издавачкиот пазар, а на тој пат најмногу во пресрет ни излезе ФИТР без чија поддршка оваа идеја многу тешко ќе беше реализирана. Покрај поддршката за развој на самиот производ, ФИТР многу ни помогна за целокупниот развој на бизнисот – нови вработувања, патентирање на производот и пласирање на светските пазари“, рече претставничката на „Книготека“.

Во 2019 година семејството на ФИТР се искачи на 314 македонски компании, 54 поддржани училишта со директно вклучени над 500 ученици, како и повеќе од 30 партнерски организации.

Заедно за уште многу #УспешниПриказни!