Победник на „Скопски автобуски хакатон“ е тимот на Inellipse – Software Solutions со идејата Loyal Green

Победник на „Скопски автобуски хакатон“ е тимот на Inellipse – Software Solutions со идејата Loyal Green составен од софтверските инженери Igor Zavojcevski, Goce Bogoevski, Igor Georgioski Nikola Brdaroski. Нивното решение е cloud-based платформа со која се зголемува задоволството од користењето на јавниот градски превоз и се овозможува користење на Social Car. Платформата обезбедува real-time преглед на состојбата во автобусите, како од страна на патникот, така и од страна на превозникот, а дополнително вклучува и преглед на достапните Social Car возила. Вклучена е Loyalty програма, со цел да се поттикнат корисниците да ја користат платформата, а воедно да имаат бенефит од користење на самата платформа, и тоа бесплатни/поефтини карти за автобуси, бесплатни/поефтини карти за жичарата на Водно, како и бесплатни/поефтини карти за културно-уметнички настани во Скопје.

„Скопски автобуски хакатон“ беше организиран од: ФИТР, Град Скопје Официјален профил JSP Skopje (ЈСП Скопје) Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) Универзитет “Гоце Делчев”, Штип Факултет за информатички и комуникациски технологии Технички Факултет – Битола UNDP MK SEEU TechPark

Победникот на „Скопски автобуски хакатон“, се дел од победничкиот тим на глобалниот хакатон за транспорт кој се одржa од 12-14 мај во Монтреал Канада во организација на Youth For Public Transport (Y4PT). Честитки за претставникот на тимот, Igor Georgioski.
#y4pthackathon

18426990_1535205933156898_2082399456_o18447011_573568546146777_5932238270451851123_n