Македонско географски друштво_Меѓународна олимпијада по геонауки 1

Македонски средношколци поддржани од ФИТР се вратија од Светска олимпијада со златен и три бронзени медали

Македонско географско друштво учествуваше на XIII Светска олимпијада по геонауки која се одржа од 26 Август до 3 Септември 2019 година во Даегу, Јужна Кореја.

На олимпијадата, на која учествуваа претставници од 40 земји, нашиот тим освои бронзен медал од севкупната категорија, едно злато во категоријата теренски анализи и две бронзи од практичните истражувања и презентации.

Македонско географски друштво_Меѓународна олимпијада по геонауки 2

Тимот се состоеше од следните ученици:

Сара Стојчевска, СОУ Гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово

Кристина Спасовска, СОУ Гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово

Јована Маниќ, СОУ Гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово

Оливер Куновски, СУГС „Орце Николов“ во Скопје

Учениците се организираа и подготвуваа за настанот од страна на д-р Ивица Милевски, д-р Свемир Горин и д-р Билјана Апостоловска Тошевска, професори на Институтот за географија при Природно-математички Факултет во Скопје.

Лого Фонд за талентирани деца со лого на ФИТР

Поддршката на ФИТР е дел од Програмата за поддршка и развој на таленти која Фондот ја развива во соработка со УНИЦЕФ. Тим од професори, претставници на академската фела и ФИТР веќе неколку месеци работат на изготвување концепт кој треба да биде претставен наскоро, со кој ќе се предложи системско решение кое ќе вклучува инструменти за поддршка на талентираните деца и координирани активности како и иницијативи на сите релевантни институции.

Оваа иницијатива е произлезена од бројните барања за поддршка на ученици од страна на ФИТР, како и од програмата за поддршка на млади истражувачи која прв пат беше објавена во ноември 2017 година.

Инаку ФИТР само во изминатата година има инвестирано близу 10 милиони денари во реализација на програми наменети за млади и деца од различни возрасти, со цел поттикнување на нивната критичка мисла и иновативност.