11069934_237782059725429_742133719634054700_n

Меѓународен оглас за избор на двајца членови на Комитетот за одобрување на инвестиции

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) распиша меѓународен оглас за избор на двајца членови на Комитетот за одобрување на инвестиции. Огласот претставува редовна и транспарентна постапка која се прави поради истекот на двогодишниот мандат на двајца од вкупно пет членови на Комитетот, Глигор Ташковиќ и Авинаш Сахи.

Комитетот за одобрување на инвестиции го сочинуваат 5 членови, кои се избрани и именувани од страна на Владата на Република Северна Македонија. Комитетот ги разгледува и ги одобрува предлог-проектите доставени до него за сите инструменти за поддршка на Фондот. Членовите на Комитетот се избираат од редот на експерти со најмалку десетгодишно меѓународно искуство во областа на инвестициите во иновациската дејност.

Линк до огласот: https://jobs.economist.com/job/22084/committee-members/

Повеќе информации за организациската поставеност на Фондот, составот и надлежностите на Комитетот се достапни на следниот линк: http://www.fitr.mk/portfolio-item/%D0%BD%D0%B0%D1%88%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BE%D1%80%D0%B3%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0/