Затворен повик
18.4.2015 година

За финансирање проекти под овој јавен повик обезбеден е вкупен износ  од 600 000,00 евра, односно 36 900 000,00 денари.

Со инструментот се обезбедува финансирање на најмногу 85% од вкупниот буџет за проектот,  со максимален износ  од 30 000,00 евра. Другите 15%  од вкупниот буџет за проектот треба да бидат обезбедени од апликантот.

За другите 15% за финансирање обезбедени од апликантот како прифатливи средства нема да се сметаат средствата добиени од Фондот врз друга основа или средствата од која било државна помош.

Средствата за инструментот за поддршка – кофинансирани грантови за „старт-ап“ и за „спин-оф“ трговски друштва и иновации се обезбедени од Буџетот на Република Македонија, од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој и од Проектот за развој на вештини и поддршка на иновации на Министерството за образование и наука на Република Македонија, поддржан од Светската банка.

Промотивно видео

Линк до активни прилози

Прилог-1А образец за апликациjа

Прилог-2А образец за бизнис план

Прилог-3.А образец за буџет на проектот 19.02.2015

Прилог-4 изјава на подносителот на предлог проектот за кофинансирање за прифаќање на условите на Фондот

Прилог 5. Прашалник за оценка на влијанието на активностите врз животната средина

Прилог 6. Формулар – План за управување со животна средина

Прилог 7. Изјава за намера во врска со изворот на обезбедување на средствата за кофинансирање

Прилог 8. Изјава за исполнување на условите за поседување на документи поврзани со моменталната состојба на апликантот

Прилог 9. Образец за проверка на целосност на апликација

Прилог 10. Урнек договор за доделување средства за кофинансирани грантови за старт-ап, спин-оф трговски друштва и иновации

Прилог 11. Правилник за инструментот за поддршка – кофинансирани грантови за старт-ап, спин-оф трговски друштва и иновации

Прилог-12 образец за квартален извештаj за напредок описен дел

Прилог-13 образец за квартален извештаj за напредок финансиски дел

Прилог-14 образец за преглед на планирани трошоци за наредниот квартал

Прилог-15 образец за завршен извештаj

Прилог-16 прашалник при аплицирање

Подобност

Повикот е отворен за микро, мали и средни претпријатија (што не се постари од 6 години) – „старт-ап“ и „спин-оф“ претпријатија, во доминантна сопственост на македонски државјани, кои имаат иновативна идеја со солидно очекување за комерцијализација. Повеќе…

Постапка при оценување и селекција

Финансирањето од страна на Фондот е врз база на предлог-проекти, кои ги поднесуваат заинтересираните претпријатија.

Оцената на проектите се состои од неколку чекори:

Комитетот за одобрување инвестиции (КОИ), составен од пет меѓународни експерти, има одлучувачка улога во процесот, водејќи се според следните основни критериуми за оценување:

  1. иновативност;
  2. потенцијал на пазарот;
  3. капацитет на менаџерскиот тим;
  4. квалитет на проектот;
  5. соодветност на предвидените трошоци.