I ОПШТИ ПРАШАЊА ЗА ПОВИКОТ

1. Дали еден апликант може да аплицира со два проекти (доколу тие спаѓаат во ист инструмент или пак се во два различни инструменти)?

Во самиот Јавен повик во делот УПАТСТВА ЗА ПРОЦЕДУРАТА НА АПЛИЦИРАЊЕ наведено е дека за време на аплицирањето треба да биде земено предвид дека еден апликант може да поднесе ЕДЕН предлог-проект по јавен повик.

2. Дали може како апликант на јавниот повик на Фондот да се јави физичко лице, подружница на фирма, приватни здравствени установи, трговец поединец, здружение на граѓани, задруга, фондација, асоцијација и сл.?

Не може како апликант да се јави физичко лице, подружница на фирма, приватни здравствени установи, трговец поединец, здружение на граѓани, задруга, фондација, асоцијација и сл. Согласно Правилникот за кофинансирачки грантови за новоосновани трговски друштва старт ап и спин оф и Правилникот за кофинансирачки грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации, еден од критериумите за подобност кои апликантот треба да ги исполни е да е трговско друштво основано согласно Законот за трговски друштва и регистрирано во Централниот регистар на Република Македонија. Ова значи дека апликантот треба да е трговско друштво регистрирано во Регистарот за трговски друштва во Централниот регистар на Република Македонија. За подетални информации во врска со критериумите за подобност за аплицирање посетете ја нашата веб страна www.fitr.mk и доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не.

3. Потребна ми е помош од лица со специјално образование, како што се машински техничари или инженери со тридимензионално искуство на ЦАД компјутер. Дали располагате со таков кадар и дали сте во ситуација да ми излезете во пресрет и на кој начин?

Фондот соработува со стопанските комори и универзитетите во Република Македонија со цел да се дисеминираат информации и да се зајакне соработката меѓу научноистражувачките високообразовни установи и иноватори индивидуалци од една страна и бизнис заедницата од друга. Фондот не посредува во пронаоѓање на партнери за аплицирање за средства од Фондот, ниту во склучување договори за соработка. Фондот не одговара за нерешени деловни односи и спорови кои би можеле да произлезат од таквите договори за соработка. Во прилог е контакт од Машински факултет , Скопје и нивна е-маил адреса на која може да се обратите: violeta.velkovska@mf.edu.mk.

4. Почитувани, дали во делот ” Oбрасци” се сите наведени документи или треба и дополнителни ?

Сите обрасци можете да ги најдете како прилози во целосниот повик на Фондот. Поднесувањето на апликациите се одвива онлајн преку МИС системот или www.mis.fitr.mk На сајтот можете да ги најдете обрасците кои треба да ги потпишете и печатирате и истите да ги прикачите во системот. За сите дополнителни информации можете да ни се обратите преку мејл или телефонски.

5. Дали регистриран овоштар – земјоделски производител може да аплицира за грант средства?

Доколку е регистрирано трговско друштво согласно Законот за трговски друштва.

6. Ме интересира дали за поднесување на апликација за грант, поднесител мора да биде правно лице, т.е. дали е во ред правното лице да биде дел од бизнис планот и да биде отворено доколку грантот се одобри или доколку тоа се побара од Ваша страна во текот на евалуација.

За еден апликант да биде подобен за финансирање под некој од трите инструменти неопходно е апликантот да е правно лице во моментот на аплицирање. Постојните инструменти на Фондот се насочени кон поддршка на микро, мали и средни претпријатија со цел реализација на иновативни проекти или трансфер на технологии.
За целосните информации околку подобноста за финансирање Ве молиме погледнете го поглавјето „ Подобност“ во целосниот текст на Јавниот повик.

7. Имам иновативна идеја за создавање електронски уред, кој би се користел како додаток на електронските уреди во домаќинството и би предизвикал значителна заштеда.Ве молам за информации: Како да ја заштитам (патентирам идејата) која сеуште не е производ?

За начинот и процедурите за заштита, патентирање на Ваши пронајдоци може да добиете информации во Државниот завод за индустриска сопственост, нивната официјална е-маил адреса е: info@ippo.gov.mk.

8. Дали е можно да ми се обезбеди соработка со студент(и) или дипломирани електроничари од Охридскиот регион, со цел изработка на уредот?

Фондот соработува со универзитетите во Република Македонија со цел да се дисеминираат информации и да се зајакне соработката меѓу научно-истражувачките или високообразовни установи и претпријатијата. Повеќе информации за кадри од областа на електрониката може да добиете во Центарот за кариера при Факултетот за електротехника и информациски технологии на официјалната емаил адреса:scundeva@feit.ukim.edu.mk.

9. Дали средствата кои ги доделувате за проекни активности, се повратни или неповратни?

Во рамки на Инструментот за поддршка – кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин-оф, Фондот кофинансира грантови од кои се очекува поврат на средствата преку плаќање на ројалти. Ројалти се плаќа само во случај на успешна комерцијализација на иновацијата. Ако во рок од 5 години од завршувањето на проектот не дојде до комерцијализација, по истекување на овој рок за корисникот на средствата на Фондот престанува обврската за плаќање на ројалти. Во случај на успешна комерцијализација, плаќањето на ројалти ќе се врши по стапка од 5% (пет проценти) од годишниот приход добиен од продажба на производот/услугата кои се резултат на проектот, се додека не се оствари повраток на 120% (сто и дваесет проценти) од износот на финансирање добиено од Фондот или за период од 5(пет) години по завршувањето на проектот, во зависност од тоа кој услов е прво постигнат. Условите за плаќање на ројалти се утврдени во чл. 5 од Правилникот за инструментот за поддршка – кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин-оф .

Во рамки на Инструмент за поддршка – кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации, во случај на кофинансиран грант се очекува плаќање на ројалти под истите услови како и за првиот инструмент, додека ако се работи за условен заем се очекува отплата на заемот. Условниот заем треба да биде отплатен во рок од 5 (пет) години по завршувањето на проектот, а обврската започнува од денот на завршување на проектот. Условниот заем се отплаќа на квартални интервали со фиксна каматна стапка од 2% (два проценти) на годишно ниво по услови определени во Договорот даден како Прилог 9 на Правилникот на Инструментот-Модел на Договор за доделување средства за условен заем. Под одредени услови условениот заем може делумно да се конвертира во кофинансиран грант. Подетално за формите на финансирање и условите за конвертирање на заемот во грант погледнете во чл.5 и чл.6 од Правилникот на инструментот.

II ПРАШАЊА ЗА КОФИНАНСИРАНИ ГРАНТОВИ ЗА НОВООСНОВАНИ ТРГОВСКИ ДРУШТВА СТАРТ АП И СПИН ОФ

1. Дали финансирате со овој повик изградба производен објект за реализација на иновација, како и закуп деловен објект за реализација на иновација според одобрен проект и до која сума % од вкупно одобрен проект?

Во однос на деловен објект во делот за канцелариска и деловна поддршка може да се предвиди закупнина меѓутоа да се внимава на намената и оправданоста. Изградба на објект не е прифатлив трошок.
Во делот од Јавниот повик ПРИФАТЛИВИ ТРОШОЦИ за инструментот Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт ап“ и „спин оф“ наведени се трошоците кои Фондот ќе ги финансира,а тоа се:

  • Канцелариска и деловна поддршка до 15% (петнаесет проценти) од вкупниот буџет на проектот;

Имајќи предвид дека секој предлог-проект е уникатен, горенаведениот процент може да биде приспособен за да ги одрази целите на предлог-проектот и треба да бидат јасно оправдани.

2. Нашата компанија има постоечки производ (кој не е доволно развиен). Дали може да се конкурира со детално објаснување на истиот и планови за неговото ширење или потребна е нова идеја која не постои во рамките на една фирма?

Кај Инструментот за Кофинансирани грантови за ново основани трговски друштва старт-ап и спин-оф, поддршката ќе биде доделена на проекти кои имаат најмалку „потврден концепт“ (proof of concept) и јасна комерцијална амбиција. Инструментот поддржува проекти кои се во фаза на потврден концепт до предкомерцијална (предпазарна) фаза.
Средствата добиени од Фондот треба да бидат наменети за развојни активности и имплементација на предложената иновација.
Прифатливи активности за финансирање со овој Инструмент се следните:

  • Активности за истражување и развој
  • Развој на пилот линии
  • Активности за тестирање
  • Активности поврзани со заштита на интелектуална сопственост
  • Дизајн

Горенаведената листа на активности не е ограничувачка.
Или доколку сметате дека според целта на Инструментот и фазата на развојот на Вашиот производ можете да аплицирате за Инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации, поддршката преку овој инструмент ќе биде доделена на проекти со јасна комерцијална цел кои се во фаза на прототип (или соодветна фаза во зависност од видот на иновативниот производ, услуга, процес) се допредкомерцијална (предпазарна) фаза. Прифатливи активности за финансирање под доделениот проект се следниве:

  • Активности за истражување и развој,
  • Активности за тестирање,

  • Дизајн,
  • Развој на пилот линии,
  • Актовности поврзани со обезбедување на квалитет, и
  • Активности на маркетинг и продажба (насочени кон доведување на иновацијата до инвестициска подготвеност и зрелост за воведување на пазарот).

Горенаведената листа на активности не е ограничувачка.

3. Како се пресметува 5% износот на ројалти од иновацијата на крајот на годината?

По успешна комерцијализација, приходите (не само добивката) добиени од продажбата на производот/услуга или некој друг последователен производ/услуга врз основа на технологијата развиена во рамки напроектот финансиран од страна на Фондот, ќе стане основа за плаќање на ројалти кон Фондот. Секое плаќање на ројалти ќе се врши по стапка од 5% (пет проценти) од годишниот приход добиен од продажба на производот/услугата кои се резултат на проектот, се додека не се оствари повраток на 120% од износот на финансирање добиено од Фондот или за период од 5 (пет) години по завршувањето на проектот, во зависност од тоа кој услов е прво постигнат.

4. Дали може да се набави опрема на лизинг?

Не може. Опрема може да се изнајми или купи, зависно од потребите на проектот.

5. Дали мора тимот да биде составен од 5 луѓе или може и од помалку? Прашањето е бидејќи се бараат биографии од највеќе петорица.

Апликантот треба да предложи од колку луѓе ќе биде составен тимот. Бројот на ангажирани лица во тимот зависи од природата на проектот. Предложениот тим треба да има капацитет успешно да го имплементира проектот за кој се аплицира.

6. Во Прилог 2.А Образец за буџет на проект (мак. верзија) и прилог 2.Б Образец за буџет на проект (анг.верзија) во инструментот за кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „Старт ап” и „Спин оф”има проблем со формулата во работниот лист Буџет и во работниот лист Оправданост на трошоци кај ставката IV. Услуги за И&Р – поддоговори во полето G76 (Вкупно трошоци по единица) бидејќи ги собира само Поддоговор1, Поддоговор 2 и Поддоговор 3, а не и Поддоговор 4 и Поддоговор 5?

Форматот и формулите дадени во Буџет на проект и Финансиски проекции се индикативни, а апликантите може по потреба да додаваат дополнителни редови во рамки на постојните буџетски ставки. Во работниот лист Инструкции е наведено дека Апликантот е одговорен за точноста на внесените информации, како и во одредени случаи дека информациите автоматски се пренесуваат или пресметуваат, при што пред поднесување на буџетот треба да се проверери функционалноста на формулите и точноста на износите / пресметките од страна на Апликантот. Воедно, одговорност на Апликанотот е да ги провери и да се осигура дека збирот на износите во келиите “Распеделба на буџетот по квартали” се совпаѓа со ќелијата “Вкупно трошоци по единица” за секоја точка, во категориите.

7. Дали врз основа на идејата и општата скица, а подоцна и за производот, би можело да се добијат средства за почетно производство на производот?

Кај Инструментот за Кофинансирани грантови за ново основани трговски друштва старт-ап и спин-оф, поддршката ќе биде доделена на проекти кои имаат најмалку „потврден концепт“ (proof of concept) и јасна комерцијална амбиција. Инструментот поддржува проекти кои се во фаза на потврден концепт до предкомерцијална (предпазарна) фаза.
Средствата добиени од Фондот треба да бидат наменети за развојни активности и имплементација на предложената иновација.
Прифатливи активности за финансирање со овој Инструмент се следните:
• Активности за истражување и развој
• Развој на пилот линии
• Активности за тестирање
• Активности поврзани со заштита на интелектуална сопственост
• Дизајн
Горенаведената листа на активности не е ограничувачка.

Или доколку сметате дека според целта на Инструментот и фазата на развојот на Вашиот производ можете да аплицирате за Инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации, поддршката преку овој инструмент ќе биде доделена на проекти со јасна комерцијална цел кои се во фаза на прототип (или соодветна фаза во зависност од видот на иновативниот производ, услуга, процес) се допредкомерцијална (предпазарна) фаза. Прифатливи активности за финансирање под доделениот проект се следниве:
• Активности за истражување и развој,
• Активности за тестирање,
• Услуги поврзани со интелектуална сопственост (подготовка и поднесување на пријава за патент),
• Дизајн,
• Развој на пилот линии, Актости поврзани со обезбедување на квалитет, и
• Активности на маркетинг и продажба (насочени кон доведување на иновацијата до инвестициска подготвеност и зрелост за воведување на пазарот).
Горенаведената листа на активности не е ограничувачка.

8. Дали можеме да го доставиме Решението за работа од Централен Регистер затоа што немаме никаква промена од основањето (ново основани сме од 02.06.2015) или да вадиме ново?

Може да се достави решението за работа од Централен регистар, доколку е потребен дополнителен документ ќе бидете известени по административната проверка од страна на Фондот.

9. Поради тоа што сме ново основани немаме ваков вид на извештаj дали треба да обезбедиме некој вид на потврда дека немаме ваков извештај или нема потреба?

Претпријатија кои се основани во тековната година не треба да достават финансиски извештаи за претходната година.

III ПРАШАЊА ЗА КОФИНАНСИРАНИ ГРАНТОВИ И УСЛОВЕНИ ЗАЕМИ ЗА КОМЕРЦИЈАЛИЗАЦИЈА НА ИНОВАЦИИ

1. Дали финансирате со овој повик изградба производен објект за реализација на иновација, како и закуп деловен објект за реализација на иновација според одобрен проект и до која сума % од вкупно одобрен проект?

Во однос на деловен објект во делот за канцелариска и деловна поддршка може да се предвиди закупнина меѓутоа да се внимава на намената и оправданоста. Изградба на објект не е прифатлив трошок.
Во делот од Јавниот повик ПРИФАТЛИВИ ТРОШОЦИ за инструментот Кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации наведени се трошоците кои Фондот ќе ги финансира,а тоа се:

  • Канцелариска и деловна поддршка до 10% (десет проценти) од вкупниот буџет на проектот;

Имајќи предвид дека секој предлог-проект е уникатен, горенаведениот процент може да биде приспособен за да ги одрази целите на предлог-проектот и треба да бидат јасно оправдани.
2. Нашата компанија има постоечки производ (кој не е доволно развиен). Дали може да се конкурира со детално објаснување на истиот и планови за неговото ширење или потребна е нова идеја која не постои во рамките на една фирма?

Кај Инструментот за Кофинансирани грантови за ново основани трговски друштва старт-ап и спин-оф, поддршката ќе биде доделена на проекти кои имаат најмалку „потврден концепт“ (proof of concept) и јасна комерцијална амбиција. Инструментот поддржува проекти кои се во фаза на потврден концепт до предкомерцијална (предпазарна) фаза.
Средствата добиени од Фондот треба да бидат наменети за развојни активности и имплементација на предложената иновација.
Прифатливи активности за финансирање со овој Инструмент се следните:

  • Активности за истражување и развој
  • Развој на пилот линии
  • Активности за тестирање
  • Активности поврзани со заштита на интелектуална сопственост
  • Дизајн

Горенаведената листа на активности не е ограничувачка.
Или доколку сметате дека според целта на Инструментот и фазата на развојот на Вашиот производ можете да аплицирате за Инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации, поддршката преку овој инструмент ќе биде доделена на проекти со јасна комерцијална цел кои се во фаза на прототип (или соодветна фаза во зависност од видот на иновативниот производ, услуга, процес) се допредкомерцијална (предпазарна) фаза. Прифатливи активности за финансирање под доделениот проект се следниве:

  • Активности за истражување и развој,
  • Активности за тестирање,
  • Услуги поврзани со интелектуална сопственост (подготовка и поднесување на пријава за патент),
  • Дизајн,
  • Развој на пилот линии,
  • Активности поврзани со обезбедување на квалитет, и
  • Активности на маркетинг и продажба (насочени кон доведување на иновацијата до инвестициска подготвеност и зрелост за воведување на пазарот).

Горенаведената листа на активности не е ограничувачка.

3. Нашата фирма веќе произведува делови за кои сме во преговори да ги продаваме на познат купувач? Дали и на овие приходи ќе се пресметува ројалти доколку бидеме одбрани за финансирање?

Ројалти се пресметува само на приходите кои се направени од иновацијата која е поддржана во рамки на проектот од страна на Фондот. Приходите од постојните производи кои ги има фирмата не се основа за пресметување на ројалти.

4. Дали македонска фирма апликант може да склучи партнерство – конзорциум со универзитет од странство и да аплицираат заедно?

Кај Инструментот за комерцијализација на иновации може да се аплицира во конзорциум со установа која врши високообразовна или научно-истражувачка дејност од земјата и од странство, со тоа што апликантот треба да е микро, мало или средно претпријатие/трговско друштво со мнозинска македонска сопственост кое ги исполнува останатите услови кои ги бараме.

5. Како се пресметува 5% износот на ројалти од иновацијата на крајот на годината?

По успешна комерцијализација, приходите (не само добивката) добиени од продажбата на производот/услуга или некој друг последователен производ/услуга врз основа на технологијата развиена во рамки напроектот финансиран од страна на Фондот, ќе стане основа за плаќање на ројалти кон Фондот. Секое плаќање на ројалти ќе се врши по стапка од 5% (пет проценти) од годишниот приход добиен од продажба на производот/услугата кои се резултат на проектот, се додека не се оствари повраток на 120% од износот на финансирање добиено од Фондот или за период од 5 (пет) години по завршувањето на проектот, во зависност од тоа кој услов е прво постигнат.

6. Дали може да се набави опрема на лизинг?

Не може. Опрема може да се изнајми или купи, зависно од потребите на проектот.

7. Дали мора тимот да биде составен од 5 луѓе или може и од помалку? Прашањето е бидејќи се бараат биографии од највеќе петорица.

Апликантот треба да предложи од колку луѓе ќе биде составен тимот. Бројот на ангажирани лица во тимот зависи од природата на проектот. Предложениот тим треба да има капацитет успешно да го имплементира проектот за кој се аплицира.

8. Во Прилог 2.А Образец за буџет на проект (мак. верзија) и прилог 2.Б Образец за буџет на проект (анг.верзија) кај инструментот за кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации има проблем со формулата во полињата Q12, Q14 и Q17 бидејќи проектот со кој аплицирам е со важност од 2 години (8 квартали),а во горенаведените полиња збирно се поврзани само првите 4 квартали?

Форматот и формулите дадени во Буџет на проект и Финансиски проекции се индикативни, а апликантите може по потреба да додаваат дополнителни редови во рамки на постојните буџетски ставки. Во работниот лист Инструкции е наведено дека Апликантот е одговорен за точноста на внесените информации, како и во одредени случаи дека информациите автоматски се пренесуваат или пресметуваат, при што пред поднесување на буџетот треба да се проверери функционалноста на формулите и точноста на износите / пресметките од страна на Апликантот.
Воедно, одговорност на Апликанотот е да ги провери и да се осигура дека збирот на износите во келиите “Распеделба на буџетот по квартали” се совпаѓа со ќелијата “Вкупно трошоци по единица” за секоја точка, во категориите.

Ве молиме имајте во предвид доколку проектот е составен од повеќе од еден апликант настанативе измени потребно е да бидат вклучени и во Буџетот на Партнер/член доколку постојат.

9. Во работниот лист Буџет кај ставката IV. Услуги за И&Р – поддоговори во полето G76 (Вкупно трошоци по единица) има проблем со формулата бидејќи ги собира само Поддоговор1, Поддоговор 2 и Поддоговор 3, а не и Поддоговор 4 и Поддоговор 5?

Форматот и формулите дадени во Буџет на проект и Финансиски проекции се индикативни, а апликантите може по потреба да додаваат дополнителни редови во рамки на постојните буџетски ставки. Во работниот лист Инструкции е наведено дека Апликантот е одговорен за точноста на внесените информации, како и во одредени случаи дека информациите автоматски се пренесуваат или пресметуваат, при што пред поднесување на буџетот треба да се проверери функционалноста на формулите и точноста на износите / пресметките од страна на Апликантот. Воедно, одговорност на Апликанотот е да ги провери и да се осигура дека збирот на износите во келиите “Распеделба на буџетот по квартали” се совпаѓа со ќелијата “Вкупно трошоци по единица” за секоја точка, во категориите.

Имајте предвид доколку проектот е составен од повеќе од еден апликант настанативе измени потребно е да бидат вклучени и во Буџетот на Партнер/член доколку постојат.

10. Има проблем со формулата кајставката VII. Mаркетинг трошоци во работниот лист Буџет на проектот бидејќи не се собираат износите кои ги имаме наведено од полињата D98-D102?

Форматот и формулите дадени во Буџет на проект и Финансиски проекции се индикативни, а апликантите може по потреба да додаваат дополнителни редови во рамки на постојните буџетски ставки. Во работниот лист Инструкции е наведено дека Апликантот е одговорен за точноста на внесените информации, како и во одредени случаи дека информациите автоматски се пренесуваат или пресметуваат, при што пред поднесување на буџетот треба да се проверери функционалноста на формулите и точноста на износите / пресметките од страна на Апликантот. Воедно, одговорност на Апликанотот е да ги провери и да се осигура дека збирот на износите во келиите “Распеделба на буџетот по квартали” се совпаѓа со ќелијата “Вкупно трошоци по единица” за секоја точка, во категориите.
Имајте предвид доколку проектот е составен од повеќе од еден апликант настанативе измени потребно е да бидат вклучени и во Буџетот на Партнер/член доколку постојат.

11. Во Прилог 2.А Образец за буџет на проект (мак. верзија) и прилог 2.Б Образец за буџет на проект (анг.верзија) кај инструментот Кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации има проблем во полето G123 ( X.Вкупен буџет, кај вкупно трошоци по единица во самата формула недостига и потребно е да се додаде G103)?

Форматот и формулите дадени во Буџет на проект и Финансиски проекции се индикативни, а апликантите може по потреба да додаваат дополнителни редови во рамки на постојните буџетски ставки. Во работниот лист Инструкции е наведено дека Апликантот е одговорен за точноста на внесените информации, како и во одредени случаи дека информациите автоматски се пренесуваат или пресметуваат, при што пред поднесување на буџетот треба да се проверери функционалноста на формулите и точноста на износите / пресметките од страна на Апликантот. Воедно, одговорност на Апликанотот е да ги провери и да се осигура дека збирот на износите во келиите “Распеделба на буџетот по квартали” се совпаѓа со ќелијата “Вкупно трошоци по единица” за секоја точка, во категориите.

Имајте предвид доколку проектот е составен од повеќе од еден апликант настанативе измени потребно е да бидат вклучени и во Буџетот на Партнер/член доколку постојат.

IV ПРАШАЊА ЗА КОФИНАНСИРАНИ ГРАНТОВИ ЗА ТРАНСФЕР НА ТЕХНОЛОГИИ

1. Имам едно прашање поврзано со Инструментот за кофинансирани грантови за трансфер на технологии, ќе ве молам за појаснување. Прашањето е поврзано со поврат на средствата. Во правилникот имате убаво објаснето која ќе биде основата за плаќање на ројати кон Фондот (опции 1,2 и 3). Тоа што ми недостасува и не ми е јасно која е минималната и/или максималната сума која ќе биде исплатена до Фондот?
Имено за другите инструменти имате наведено кој е износот кој ќе се врати – на пример за Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“ и за Кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации е наведено – „се додека не се оствари поврат на 120% од износот на финансирање добиен од Фондот или за период од 5 години по завршувањето на проектот, во зависност од тоа кој услов прво е постигнат“.
Ваков услов за инструментот за кофинансирани грантови за трансфер на технологии не постои.

Во Правилникот за инструментот за трансфер на технологии во член 5 – Плаќање на ројалти за кофинансирани грантови објаснети се деталите за плаќањето на ројалти доколку има успешна имплементација на технологијата/know-how/процесот кој произлегува од проектот финансиран од страна на Фондот. Исто така наведени се износите за враќање како и во другите два инструменти: Плаќањето на ројалти ќе се пресметува по стапка од 5% (пет проценти) од зголемувањето на годишните приходи на директните и индиректните корисници на проектот, и/или намалување на годишните ТОПП на директните и индиректните корисници се додека не се оствари повраток на 120% од износот на финансирање добиено од Фондот или за период од 5 (пет) години по завршувањето на проектот, во зависност од тоа кој услов е прво постигнат. Во продолжение на истиот дел е приложено и објаснето како ќе се пресметува плаќањето на ројалти на годишно ниво.

2. Дали може да се набави опрема на лизинг?

Не може. Опрема може да се изнајми или купи, зависно од потребите на проектот.

3. Во Прилог 2.А Образец за буџет на проект (мак. верзија) и прилог 2.Б Образец за буџет на проект (анг.верзија) во инструментот за кофинансирани грантови за трансфер на технологии има проблем во формулата во полињата Q12, Q14 и Q17?

Форматот и формулите дадени во Буџет на проект и Финансиски проекции се индикативни, а апликантите може по потреба да додаваат дополнителни редови во рамки на постојните буџетски ставки. Во работниот лист Инструкции е наведено дека Апликантот е одговорен за точноста на внесените информации, како и во одредени случаи дека информациите автоматски се пренесуваат или пресметуваат, при што пред поднесување на буџетот треба да се проверери функционалноста на формулите и точноста на износите / пресметките од страна на Апликантот. Воедно, одговорност на Апликанотот е да ги провери и да се осигура дека збирот на износите во келиите “Распеделба на буџетот по квартали” се совпаѓа со ќелијата “Вкупно трошоци по единица” за секоја точка, во категориите.
Имајте предвид доколку проектот е составен од повеќе од еден апликант настанативе измени потребно е да бидат вклучени и во Буџетот на Партнер/член доколку постојат.

4. Во ставката VII. ВКУПЕН БУЏЕТ, Вкупно трошоци по единици (поле G100) недоставува збирот од ставката IV.Лиценцирање (поле G80).

Форматот и формулите дадени во Буџет на проект и Финансиски проекции се индикативни, а апликантите може по потреба да додаваат дополнителни редови во рамки на постојните буџетски ставки. Во работниот лист Инструкции е наведено дека Апликантот е одговорен за точноста на внесените информации, како и во одредени случаи дека информациите автоматски се пренесуваат или пресметуваат, при што пред поднесување на буџетот треба да се проверери функционалноста на формулите и точноста на износите / пресметките од страна на Апликантот. Воедно, одговорност на Апликанотот е да ги провери и да се осигура дека збирот на износите во келиите “Распеделба на буџетот по квартали” се совпаѓа со ќелијата “Вкупно трошоци по единица” за секоја точка, во категориите.

Имајте предвид доколку проектот е составен од повеќе од еден апликант настанативе измени потребно е да бидат вклучени и во Буџетот на Партнер/член доколку постојат.

5. Во работниот лист Оправданост на трошоци во ставката III. А Дијагностицирање и развој на план за подобрување има проблем со формулата бидејќи не ми се совпаѓа со износот од работниот лист Буџет на проектот?