Кој може да аплицира?

Инструментот е отворен за предлог-проекти од:

  • поединечни апликанти (микро, мали и средни претпријатија од сите сектори),
  • партнерства меѓу микро, мали и средни претпријатија, установи кои вршат научноистражувачка и/или високообразовна дејност, кластери, бизнис здруженија, стопански комори и др.
  • конзорциуми составени од микро, мали и средни претпријатија, установи кои вршат научноистражувачка и/или високообразовна дејност, кластери, бизнис здруженија, стопански комори и др.

За подетални информации околу критериумите за подобност погледнете го Правилникот за инструментот.

Цели

Целта на овој Инструмент е да се поттикне трансфер и имплементација на нови иновативни и подобрени технологии, know-how и технолошки процеси и да се охрабрат различни форми на соработка помеѓу микро, малите и средни претпријатија, бизнис здруженија, кластери и/или стопански комори, со цел да се постигне позитивно влијание на секторот. Инструментот се фокусира на примена и приспособување на технологија и иновациии кои не се нови во светот, но може да бидат нови за земјата или нови во секторот. Ова, во крајна линија, ќе ги подобри технолошките капацитети на постоечките индустрии и бизниси со надминување на јазот помеѓу знаењето веќе достапно на глобално ниво или на национално ниво и во локалните индустрии.
Овој инструмент се очекува да има долгорочен позитивен придонес кон развојот на националната економија и подобрување на конкурентноста преку технолошки и оперативни подобрувања.

Времетраење

Времетраењето на проектите финансирани преку овој Инструмент може да биде до 24 месеци. Под оправдани околности, проектите можат да бидат продолжени за дополнителни 12 месеци по претходно одобрение на Фондот.

Критериуми за оценување

Главните критериуми за евалуација на проекти и доделување средства под овој Инструмент се:

  • Соработка,
  • Технолошко подобрување,
  • Квалитет на проектот,
  • Капацитет на проектниот тим,
  • Потенцијал на пазарот,
  • Влијание, и
  • Процедури за обезбедување на квалитет, стандардизација и сертификација.

Поврат на средства (ројалти-плаќање)

По успешна имплементација на технологијата/know-how/процесот кој произлегува од проектот, сите микро, мали и средни претпријатија кои се директни или индиректни корисници од проектот финансиран од страна на Фондот се должни да платат ројалти на Фондот. За деталните услови за обврската за плаќање на ројалти, погледнете го Правилникот за инструментот.

За повеќе информации, погледнете го Правилникот за инструментот.

Преку овој инструмент, Фондот обезбедува финансирање до 50% од вкупниот буџет за проектот, до максимален износ од 200.000 евра.

Преостанатиот износ од вкупниот буџет за проектот треба да биде обезбеден од страна на апликантот.

„Иновација“ е примена на нов или на значително подобрен производ, технологија, процес или услуга, вклучително и техничките спецификации, компоненти и материјали, вграден софтвер, ориентација кон корисници или други функционални карактеристики, маркетиншки метод или нов организациски метод во работењето, во организацијата на работните односи или на односите на правното лице со околината.

„Иновација на производ“ е примена на нов или на значително подобрен производ, а не е промена со естетска природа или само продажба на иновативни производи, произведени и развиени од страна на друго физичко или правно лице.

„Иновација на процес“ е примена на нов или на значително подобрен начин на производство или на испорака, на складирање и на транспорт, вклучително и значителни промени во техниката, во опремата или во софтверот, не ограничувајќи се само на организациски и на менаџерски промени.

Иновација на технологија“ е примена на нова или на значително подобрена технологија.

Организациска иновација“ е примена на нови или на значителни промени во структурата или во методите на управувањето, со цел подобрување на употребата на знаењето, на квалитетот на производите или на услугите или зголемување на ефикасноста на деловните процеси, во соодветното правно лице или влез на нови пазари.

Маркетиншка иновација“ е примена на нови маркетиншки методи, вклучувајќи и значителни промени во дизајнот на производот, пакувањето, пласманот и во промоцијата на производот и во неговата наплата.

Иновација на услуга“ е примена на нова или на значително подобрена услуга.