ББ карс на саем во Падова 3

Проект поддржан од ФИТР претставен на Саем во Падова

Компанијата ББ Класик Карс со проектот „Замена на мотор за внатрешно согорување кај Застава 750 (фиќо) со електричен мотор“ учествуваше на меѓународниот Саем за класични автомобили „Auto e Moto D’epoca“ кој се одржа во Падова од 25 до 28 октомври.

ББ карс на саем во Падова 4

Овој Проект годинава е поддржан од страна на #ФИТР со грант во висина од 6.930.000 денари во рамките на Првиот инвестициски бран во рамките на првиот јавен повик од Планот за економски раст на Владата на Република Македонија.

Компанијата ББ Класик Карс е една од над 70 домашни компании/конзорциуми поддржани од #ФИТР, а со првиот инвестициски бран се реализираат инвестиции во домашниот приватен сектор во износ од 20 милиони евра. Се ангажираат 460 лица, од кои 85 се нови работни места, со просечна плата од 48.000 денари.

ББ карс на саем во Падова 5