Гет велосипед Венито комерц

Велосипедот што чисти воздух со златен медал во Сеул – Проекти поддржани од ФИТР со меѓународни признанија

Македонски студенти освоија златен медал на меѓународната изложба во Сеул, во Јужна Кореја, со пронајдокот на велосипед со тркало кое го чисти воздухот.

Пронајдокот „Филтер за воздух вграден во велосипедско тркало“ на Венито комерц наречен „Гет велосипед“, а кој е остварен од страна на студентите на Машинскиот факултет: Ина Крстевска, Филип Попоски, Марко Насески, Мартин Спасовски, Игор Џамбаски и Александар Јанковиќ освои златен медал на меѓународната изложба „KIWIE 2019“ одржана во Сеул, Јужна Кореја“.

Овој иновативен проект за време на Меѓународната изложба се стекна со следните награди:

– Златен медал од страна на Меѓународната комисија составена од експерти во дадената област

– Златен медал со диплома од страна на Асоцијацијата за промоција на пронајдоци и иновации од Индонезија

– Диплома за најдобар пронајдок од страна на Центар за Жени иноватори на Узбекистан.

Гет велосипед Венито комерц на средба кај претседателот Стево Пендаровски

Честитки за освоената награда за тимот на ГЕТ-Велосипед, чиј еколошки проект е поддржан од ФИТР, пристигнаа од претседателот Стево Пендаровски.

На средбата, студентите го запознаа претседателот Пендаровски со нивната идеја, преку реализацијата на овој проект на граѓаните да им се понуди нова услуга, која овозможува алтернативен начин за движење во градска средина, односно интелигентен градски транспортен систем на електрични велосипеди кои ќе може да се изнајмуваат и кои со вградените филтри ќе го прочистуваат воздухот од ПМ10 честици, притоа придонесувајќи и за намалување на градскиот метеж.

Претседателот го поздрави трудот и креативностоста на „Венито комерц“ – пример на компанија во која студентите со заедничка поддршка на своите професори основале заеднички бизнис која сега е корисник на грант од Фондот за иновации и технолошки развој, во рамки на „О2 Предизвик“ кој беше спроведен заедно со Министерство за животна средина и просторно планирање.