Startapuvaj_baner_1200x450

Работилница за подготовка на апликации за „СтартАПувај“ во ФИТР

Фондот за иновации и технолошки (ФИТР) организира работилница за подготовка за апликации на предлог во рамки на тековниот јавен повик за кофинансирани грантови за старт-ап и спин-оф компании – „СтартАПувај“.

Работилницата ќе се одржи од 19 до 21 ноември 2018 год, во просториите на ФИТР во ГТЦ (1 спрат, спроти Жена Парк), во соработка со Швајцарската програма за претприемништво (Swiss Entrepreneurship Program).

Работилницата ќе ја водат 8 експерти со меѓународно искуство од областа на претприемништвото, а во текот на трите дена тие ќе ги обучуваат присутните за различни видови бизнис модели, валидација и анализа на пазар, подготовка на финансиски проекции, подготовка на стратегија за лансирање и продажба на производ и др.

Бидејќи местата за учесниците се ограничени.и замолуваме сите заинтересирани најдоцна до 16.11.2018 година (петок) задолжително да се пријават на следниот линк: https://goo.gl/forms/RcuPZfw8cJbSJZqh2

Учеството во работилницата е бесплатно!