На годишнината од постоењето на научно-технолошкиот парк SEEUTechPark на 15.05.2014 г. беше организирана свечена церемонија на која Директорката на Фондот за иновации и технолошки развој, г-ѓа Јасмина Поповска, се обрати на присутните поздравувајќи ја иницијативата на раководството на Универзитетот на Југоисточна Европа да основа научно-технолошки парк кој ќе обезбеди услови за поттикнување на креација на старт ап претпријатија, ќе придонесе за зголемена соработка помеѓу самите претпријатија, но и помеѓу академијата и индустријата, со крајна цел поголем економски раст и креирање на нови работни места во Република Македонија.

IMG_1501_opt

Директорката нагласи дека научно-технолошките паркови се препознаени како значаен фактор во обезбедувањето на поддршка на иновациската дејност, за зголемување на иновативноста, особено кај МСП, создавање и примена на нови технологии, создавање и пласман на нови производи, услуги и процеси на пазарот, и поттикнување на соработката меѓу бизнис секторот и науката. Токму ова се и дел од целите и на Фондот за иновации и технолошки развој како ново формирана државна институција за поддршка на иновациската дејност.

SEEUTechPark5_opt

 

            На настанот се обратија и директорот на SEEUTechPark, Проф. Д-р Азир Алиу, Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, Проф. Д-р. Замир Дика и Претседателот на Стопанска комора на Северозападна Македонија, г-дин Мендерес Кучи.

SEEUTechPark-3_opt