На 03.06.2014 г. на првиот Start up Grind Skopje во Македонија во организација на тренинг центарот ClearView, беше претставен и промовиран Фондот за иновации и технолошки развој. Директорката на Фондот, г-ѓа Јасмина Поповска ги претстави инструментите достапни од Фондот, фокусирајќи се на  кофинансирање на  грантови за старт-апи, спин-оф компании и иновации наменети пред се за почетни бизниси .

„Инструментот е достапен за сите индустрии, иако тука најмногу се зборуваше за ИКТ, бидејќи во тој сектор е најлесно да се направи иновација, и бидејќи се следат современтите трендови, и со мала инвестиција за компјутер и неколку луѓе може да се дојде до решение кое ќе има значајна комерцијална вредност. Но, не фаворизираме ниту еден сектор“, вели г-ѓа. Поповска во своето излагање на Startup Grind.

DSC_5792_opt

На настанот присуствуваа претставници на информатичко-комуникацискиот сектор, претпријатија, студенти и професори, кои имаа можност преку поставените прашања поблиску да се запознаат со начините на аплицирање и условите за финансирање од страна на Фондот.