Светски конгрес на претприемачи во МАНУ 1

Одржан Светскиот конгрес на претприемачи

Преку соработка во регионот до поголеми резултати – oдржан Светскиот конгрес на претприемачи „Претприемаштво: луѓе, соработка, развој, безбедност“ во Македонска академија на науките и уметностите (МАНУ).

„Светот препознава 5 клучни области кои прават напредно општество: образование, економија, животна средина, граѓански организации и политички субјекти. Сметам дека заедничко за сите е отворениот ум. Се залагам и ќе се борам отворениот ум да ја надвладее затвореноста и назадноста“, истакна во своето воведно излагање директорот на ФИТР, Јован Деспотовски.

Во рамките на Конгресот се одржа и претприемачки натпревар за гимназиите и средните стручни училишта на територија на Град Скопје во организација на Национален центар за развој на иновации и претприемничко учење (НЦРИПУ). Во Комисијата учествуваше и претставничката на ФИТР, Неда Икономова Гавриловска.

Светски конгрес на претприемачи во МАНУ 2