Posts

Иновативен производ за гаснење пожари, развиен од компанија корисник на грант од ФИТР

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски, присуствуваа на презентација на производот на компанијата ВТ Продакшн од Скопје, добитник на ко-финансиран грант од Фондот, која се одржа на полигонот за вежби на Бригадата за против пожарна заштита на град Скопје.

Компанијата ВТ Продакшн со вкупни средства од околу 100 илјади евра, од кои 2/3 се грант од ФИТР, разви адитив-ретардер, за вода за гасење и заштита од пожар, кој го нарекоа Fireless, чија функционалност беше презентирана преку три показни вежби.

IMG_3500

Вицепремиерот Анѓушев, по презентацијата на производот, искажа задоволство што е развиен производ каков досега нема во регионот, а кој може да има голема примена при заштита и гасење на пожари, со што се докажува дека финансиските средства од Фондот наменети за комерцијализација на иновации се правилно наменети.

„Се надеваме овој адитив да стане комерцијален производ и дека компанијата ќе најде соодветен пазар каде ќе го пласира производот, што е и целта на програмата за поддршка на малие и средни компании на ФИТР; да се развијат производи и истите понатаму да се комерцијализираат, со што компаниите ќе растат“, рече вицепремиерот.

IMG_3288

Анѓушев посочи дека во 2018 година потпишани се договори со 133 компании, чии инвестиции се очекува да достигнат 28 милиони евра, од кои над 16 милиони поддршка од државата.

„Сите проекти на овие компании се во фаза на реализација, а веќе 8,2 милиони евра се исплатени на компаниите кон компаниите. На јавниот повик во 2019 година имаме навистина висок интерес, доставени се над 500 апликации, а буџетот е проектиран на 10 милиони евра од кои 2 милиони се од Светска Банка, која ја препозна важноста на програмата. Со ребалансот на буџетот планираме и дополнителни средства за Програмата за поддршка на мали и средни претпријатија, согледувајќи го големиот интерес од компаниите“, нагласи вицепремиерот Анѓушев.

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски, посочи дека компанијата ВТ Продакшн е добар пример на мала домашна компанија, која разви уникатен производ во соработка со академската заедница, кој може да најде практична примена и да помогне во надминување на еден актуелен предизвик, односно пожарите кои се појавуваат.

IMG_7546

„Ова е производ кој може да најде примена и во Северна Македонија, но и во регионот и секаде во светот. Овој проект е дел од дваесетината проекти за заштита на животната средина, кои се со вкупна вредност од околу 200 милиони денари, дел од средствата се обезбедени од Фондот, а дел од самите компании. Очекуваме вакви видливи и конкретни резултати од сите компании, за да може граѓаните и општеството да ги почуствуваат резултатите од проектите“, потенцираше директорот Деспотовски.

Управителот на ВТ Продакшн Влатко Тасевски изјави дека компанијата ќе донира од 10-15 илјади литри од адитивот на надлежните институции, кои се во вредност од 6-10 илјади евра, за да се утврди неговата функционалност и примена во теренски услови. Тој дополни дека со средствата од Фондот, се забрзала имплементацијата на проектот, кој почнал да се развива во март 2019 година и само за шест месеци е влезен во пред комерцијална фаза.

IMG_7587

Проект на компанијата „Фор Лејди“ со поддршка од ФИТР

Проектот „Биохигенски Алое хулахопки“ на компанијата „Фор Лејди“, која е основана во 1995 година, има за цел да реши два проблеми во домашната индустрија. Прво, да ја заштити животната средина, и вториот проблем е да му се понуди на крајниот потрошувач козметички ефект и дерматолошка заштита при негова употреба.

„Во нашата индустрија сите хулахопки и чорапи што денеска сите ги користиме се направени од пластика, и во просек им требаат 50 години да се разградат. Текстилната индустрија е еден од најголемите загадувачи на планетата. Истражувањата направени на оваа тема покажуваат дека скоро 5% од отпадот во депониите е резултат на текстилната индустрија.“, вели Сања Лазаревска од компанијата „Фор Лејди“.

Таа посочува дека производот кој го развиваат со средства од Фондот за иновации и технолошки развој ќе се разградува за 5 години и ќе има за цел да даде козметички бенефит на крајниот корисник. По успешното завршување на овој проект оваа компанија има за цел да го исполни својот производствен капацитет и да го користиме сто посто, како и да ја развие еко свеста кај самите вработени и кај потрошувачите, со што дополнително покрај производство на зелен производ ќе користи и зелена технологија за своето производство и за дистрибуција до крајниот корисник.

„Исто така, нашата компанија си постави за цел на новите работни места кои ќе се отворат како резултат на проширување на нашиот бизнис со овој проект да вработува самохрани мајки како и млади работници до 29 години.“, истакнува претставничката на компанијата во видеото.

Компанијата Фор Лејди е една од над 130 домашни компании/конзорциуми поддржани од ФИТР во рамките на првиот јавен повик од Планот за економски раст на Влада на Република Северна Македонија

Со првиот и вториот инвестициски бран се реализираат инвестиции во домашниот приватен сектор во износ од 28 милиони евра. Се ангажираат над 780 лица, од кои 158 се нови работни места, со просечна плата од 45.000 денари.

Започна фазата на финална селекција во која влегуваат 368 домашни компании

Вкупно 368 домашни компании продолжуваат во процесот на финална селекција на Јавниот повик за комерцијализација на иновации на ФИТР. Проектите на овие компании, кои ја поминаа фазата на претселекција, сега ги разгледува Комитетот за одобрување на инвестиции – независно тело составено од тим од пет странски експерти кое ќе ја донесе финалната одлука на кои предлог проекти ќе им биде одобрена финансиска поддршка.

Од овие 368 компании, 162 се микро, 181 мали, а 25 средни. Повеќе од половината од компаниите се регистрирани во главниот град, додека останатите се распоредени низ 30 општини од целата земја, меѓу кои и Гостивар, Охрид, Куманово, Свети Николе, Делчево, Ново Село, Валандово, Крива Паланка и Вевчани. Најголем дел од нив се од ИТ индустријата, по што следат технолошкиот и здравствениот сектор, текстилната/кожна индустрија, земјоделието, а има и предлог проекти за примена на иновации во машинското инженерство и туризмот.

Вкупниот обем на планирани инвестиции кај овие компании е нешто над 87 милиони евра, од кои 67% или над 58 милиони евра се побарано учество на Фондот, додека 33% или околу 29 милиони евра се сопствени средства кои апликантите планираат да ги вложат во домашната економија. Иницијално предвидениот буџет за овој јавен повик е 5 милиони евра, со што аплицираниот износ се надминува за речиси 12 пати.

Овие рекордни бројки и огромниот интерес на компаниите на јавните повици на ФИТР, претставуваат јасен знак на доверба во процедурите и инструментите на Фондот. Истовремено, ова е уште еден показател дека домашните компании имаат потреба од финансиска поддршка и се подготвени да инвестираат и сопствени средства во развој и иновации.

Инаку во фазата на претселекција влегоа 455 компании, за чија евалуација беа ангажирани 95 надворешни стручни лица во 22 економски дејности. Секоја апликација се разгледува од три стручни лица одделно, а проектите кои добија минимум 51 поен во просек, преминуваат во финалната фаза.

Сите проекти се оценуваат согласно дефинираните критериуми: степен на иновативност, квалитет на подготвен проект, потенцијал на пазарот, капацитет на апликант и влијание на проектот.

Јавниот повик се реализира во рамки на Планот за економски раст на Владата, во чие финансирање од оваа година се вклучи и Светската банка како финансиски партнер.

ФИТР и МАНУ потпишаа Меморандум за соработка и поттикнување на иновативноста и претприемништвото кај младите

Фондот за иновации и технолошки развој и МАНУ потпишаа Меморандум за соработка кој ќе опфати покренување на заеднички проекти и студии од областите на претприемништвото, иновациите, истражувањето и технолошкиот развој.

„МАНУ активно ќе се вклучи во изработка на стратешката програма за поттикнување на креативното размислување, иновативноста и претприемништвото кај младите, наречен „Фонд за млади умови“ на ФИТР, но и ќе се продлабочи соработка во конципирање на финансиски инструменти за поттикнување на истражувачките активности на академската заедница,“ истакна  претседателот на Академијата, Таки Фити.

Целта на овој договор е и стимулирање на конкурентноста преку истражување на можни инструменти за креирање иновативни политики, како и политики поврзани со образование и поддршка на мобилноста помеѓу академијата и индустријата, вклучувајќи и меѓународна мобилност на ученици, студенти и претставници на академската заедница.

MoU MoU потпишување ФИТР и МАНУ 2potpisuvanje FITR i MANU 2

„Потпишувањето на договорот за соработка со една од најзначајните национални институции претставува задоволство и голема чест за Фондот но и за мене лично. Разговаравме за повеќе конкретни проекти и очекуваме целосна поддршка од МАНУ во иницијативите кои ни претстојат и за кои заеднички ќе аплицираме пред меѓународните фондови. Со задоволство ќе ја прифатиме понудената можност акумулираното знаење од Академијата да го искористиме во делот на економијата и одржливиот развој.“, изјави директорот на ФИТР, Јован Деспотовски.

Двете институции преку билатералната соработка ќе имаат заеднички проекти за финансирање на меѓусебните истражувачки активности и пред домашните државни институции, приватниот сектор,  вклучувајќи притоа и заемна помош при подготовка на проектната документација.

Во мај годинава ФИТР во соработка со МАНУ, Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” во Скопје организиираа „Денови на ЦЕРН во Северна Македонија“ во чии рамки се одржаа серија настани и изложби.

Проектот „Вином“ на компанијата Био Инжинеринг со поддршка од ФИТР

Проектот „Вином“ на компанијата Био Инжинеринг има за цел да им помогне на малите винарници да станат се поконкурентни на пазарот на производство на новите персонализирани вина.

„Нашата компанија е основана во 1998 година, значи веќе постоиме 20 години. Моментално се наоѓаме во нашиот истражувачки центар за примената микробиологија и биотехнологија, каде што ќе се работи и проектот „Вином“ кој е финансиран од Фондот за иновации и технолошки развој. Целта на овој проект е изолација на геолокални, автохтони македонски квасци од домашните лозја.“, велат од компанијата Био Инжинеринг.

Тие истакнуваат дека со ова за прв пат во нашата историја се атакува ваков проблем и се надеваат дека со тоа ќе го откриеме скриеното енолошко богатство кое го кријат нашите лозја во однос на автохтони македонски квасци.

„Фондот со нивниот грант ни помага да набавиме дополнителна опрема со која ќе успееме да го завршиме овој проект, како и да го прошириме нашиот капацитет во однос на вработување на нови млади кадри во полето на применетата микробиологија.“, истакнува претставникот на компанијата во видеото.

Компанијата Био Инжинеринг е една од над 130 домашни компании/конзорциуми поддржани од Фондот за иновации и технолошки развој во рамките на првиот јавен повик од Планот за економски раст на Влада на Република Северна Македонија.

Со првиот и вториот инвестициски бран се реализираат инвестиции во домашниот приватен сектор во износ од 28 милиони евра. Се ангажираат над 780 лица, од кои 158 се нови работни места, со просечна плата од 45.000 денари.

Израелски бизниси заинтересирани за македонските компании – корисници на ФИТР

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) во соработка со амбасадата на Израел во земјава, денеска организираше средба меѓу израелски инвеститори и македонски компании – корисници на ФИТР чија цел е да се отворат нови можности за поддршка и развој на македонските компании и пристап до странски фондови.

“Нашата земја веќе не е изолиран остров туку станува дел од глобалните економски текови. Денес триесетина компании корисници на ФИТР имаат можност за директни средби со потенцијалните израелски инвеститори и верувам дека дел од нив ќе започнат со конкретна соработка,“ изјави Јован Деспотовски, директор на Фондот за иновации и технолошки развој. Тој додаде дека Фондот и Владата на Република Северна Македонија остануваат посветени на финансиската поддршка за македонските компании.

Израелски компании македонски компании ФИТР 2

“Годинава се планирани дополнителни 12.5 милиони евра инвестиции преку инструментите на ФИТР. Ние веруваме во потенцијалот на македонските компании и целта на овие иницијативи е да покажеме дека можеме да извезуваме иновативни продукти и услуги наместо човечки капитал,“ рече Деспотовски.

Амбасадорот на државата Израел во Република Северна Македонија, Дан Орион најави дека е ова е проширување на успешната взаемна соработка меѓу двете земји.

Израелски компании македонски компании ФИТР 3

“Веќе работиме на многу проекти во повеќе области. Во нашите односи лежи огромен потенцијал кој треба да се искористи. Денес овде донесов неколку израелски инвеститори кои работат во различни области за да се запознаат со македонските компании. Ова денес е нов почеток кон проширување на взаемната соработка, особено со Фондот за иновации и технолошки развој,“ рече амбасадорот Орион.

Инаку на средбата на израелските инвеститори им беа претставени можностите за инвестиции во земјава, а македонските компании имаа можност за директни средби на кои ги презентираат своите бизнис проекти пред потенцијалните инвеститори.

Меѓу израелските компании и инвеститори има краудфандинг платформа со повеќе од 13000 инвеститори и со над 18 милиони долари инвестиции, потоа компании кои работат во ИТ индустријата со над 9000 вработени низ светот, меѓу кои и во Северна Македонија, како и инвестициски фонд кој работи со стартап компании и е еден од фондовите со најголем процент на успешност на компании кои ги финансираат на светско ниво.

ФИТР со поддршка на проект на Аквапоника

Проектот „Брендирани млади органски салати“ на компанијата Аквапоника има за цел да развие максимален квалитет во производството, а на потрошувачите да им понуди нова линија на млади органски салати и да ја зголеми довербата во органското производство во земјава.

„Аквапоника е мало земјоделско стопанство, што се наоѓа во село Орешани, недалеку од Скопје. Се занимаваме со производство на органски зеленчук, а пред се на органски салати. Со овој проект кој е поддржан од #ФИТР на нашите потрошувачи ќе им понудиме нова линија на млади органски салати. Се работи за рукола, марула, спанаќ и блитва чии ливчиња не се поголеми од 10 сантиметри, а кои веднаш по бербата, токму тука, на нива, ќе ги измиеме и ќе ги спакуваме. По тоа ќе ги дистрибуираме, обидувајќи се целата свежина од нивата да ја донесеме во Вашата чинија дома.“, велат од компанијата Аквапоника.

Тие истакнуваат дека на овој начин сакаат да постигнат максимален квалитет, но и да ја зголемат довербата на нивните потрошувачи во органското производство.

„Целата наша приказна ќе ја раскажеме во брендот што ќе биде развиен во текот на овој проект. Се надеваме дека на овој начин ќе ги поттикнеме и останатите земјоделци да размислуваат на одржлив развој на органското земјоделство, а кај потрошувачите ќе поттикнеме здрави навики во исхраната, но и потрошувачки навики со поголема одговорност за животната средина.“, истакнува претставничката на компанијата во видеото.

Компанијата Аквапоника е една од над 130 домашни компании/конзорциуми поддржани од ФИТР во рамките на првиот јавен повик од Планот за економски раст на Владата на Република Северна Македонија.

Со првиот и вториот инвестициски бран се реализираат инвестиции во домашниот приватен сектор во износ од 28 милиони евра. Се ангажираат над 780 лица, од кои 158 се нови работни места, со просечна плата од 45.000 денари.

ВИДЕО: Претставен концептот на новиот Научно-технолошки парк во Скопје

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) го претставува концептот на новиот Научно-технолошки парк во Скопје. Проектот ќе се гради во три фази, а видеото од концептот на Научно технолошкиот парк е достапно на следниот линк:

Основањето на Паркот е иницијатива на Владата на Република Северна Македонија, а се спроведува од страна на Фондот за иновации и технолошки развој и Министерството за информатичко општество и администрација. Има за цел забрзан економски раст и побрз приклучок кон светските економски и општествени текови. Научно-технолошкиот парк е простор кој под еден кров нуди инфраструктура, услуги и пристап до финансии што ќе поттикнат раст базиран на ризик, знаење и иновации и ризик. Истовремено, Паркот ќе биде место за контакт и соработка помеѓу академската заедница, студентите, бизнисите и инвеститорите.

Оваа недела беше отворен Деловно-технолошкиот акцелератор УКИМ за млади претприемачи и иноватори, кој е дел од првата фаза од Научно-технолошкиот парк. Акцелераторот е сместен во кампусот на техничките факултети во Скопје, а за оваа намена, Владата во соработка со Светската банка ги обезбеди првите половина милион евра инвестиции. Тука, се предвидени почетни инвестиции до 25.000 евра по компанија, како и до 75.000 евра во втората инвестициска фаза за стартапите со потенцијал за брз раст.

На настанот свои обраќања имаа претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, еврокомесарката за дигитална економија и општество, Мариа Габриел, како и директорот на ФИТР, Јован Деспотовски.

Втората и третата фаза на Научно технолошкиот парк предвидуваат изградба на нови згради и лаборатории, кои се очекува да бидат завршени до 2024 година (втора фаза) односно до 2027 година (трета фаза).

Студијата за изводливост е подготвена со финансиска и техничка поддршка од Делегацијата на ЕУ во Скопје. Вкупната проценета инвестиција во Научно-технолошкиот парк за сите три фази е околу 80 милиони евра.