Posts

Вложувањето во старт ап бизнис идеи е вложување во иднината и во нашиот заеднички напредок и прогрес

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски имаа свои обраќања на настанот за промоција на 48 старт ап проекти – добитници на финансиска поддршка од двата повика на јавниот повик на ФИТР, „Стартапувај“.

„Кога треба да ги поддржиме младите луѓе и нивните иновативни бизнис идеи тогаш задоволството е обострано и е најголемо. Вложувањето во вашите старт ап бизнис идеи е вложување во иднината и во нашиот заеднички напредок и прогрес“ рече премиерот Заев.

Презентација на проекти од Стартапувај во „Јавна соба“, ПВРСМ Зоран Заев

Тој им се обрати на добитниците на грантови од повикот „Стартапувај“ и потенцираше дека младите луѓе се носители на промената што се случува во нашата земја.

„Јас сум уверен дека сите овие 48 проекти ќе бидат успешни и ќе донесат нова додадена вредност во нашата економија и на свој начин ќе го подобрат нашиот заеднички живот. Фондот за иновации и технолошки развој заедно со Светска Банка обезбеди средства во висина од 1.8 милиони евра како финансиска поддршка за овие проекти. Со поддршката на овие старт-апи се отвораат 45 за старт нови работни места, а просечната исплатена плата е во износ од 462 евра“, нагласи премиерот Заев.

Вицепремиерот Анѓушев потенцираше дека денешното време е време на стартап компаниите. Тој тоа го поткрепи со фактот што во светот постојат компании со повеќе децениска традиција, сепак и покрај нивната успешност и традиција, голем дел од највредните компании во денешно време не се постари од 15-20 години, а започнале како стартапи.

„Амазон, Фејсбук, Тесла, Ејпл се компании кои започнале како стартапи, имале брз раст, а денес вредат многу. Друг пример е Mobile Eye, стартап компанија од Израел, кои го иновираа системот за самоуправувачки возила, а е продаден за двоцифрена вредност во милијарди. Владата ги креираше мерките од Планот за економски раст токму во таа насока, за поддршка на компаниите технолошки да се развиваат и да внесуваат иновативни решенија и резултатите покажуваат дека мерките се искреирани правилно. Во 2019 година обезбеден е рекорден износ на средства во буџетот за економските програми на Владата, за 47% повеќе средства во однос на 2018 година, со кои се поддржуваат странските, но во уште поголем број домашните компании“, нагласи Анѓушев.

Презентација на проекти од Стартапувај во „Јавна соба“, ZPVRSM Kocho Angjushev

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски, кој беше домаќин на настанот, истакна:

„Оваа влада е вистински партнер на младите во земјава. И тоа не со ветувања туку со конкретни мерки кои даваат вистински резултати. ФИТР до сега има вложено околу 2,5 милиони евра во околу стотина стартап компании. Поттикнавме млади луѓе да се охрабрат своите идеи да ги претворат во успешни бизниси. Веќе работиме на креирање нови мерки со кои ќе се олесни основање на компании и пристапот до странски инвеститори. Целта ни е овде да создадеме европски услови и стандарди, со цел да се спречи одливот на мозоци од земјава, и да покажеме дека можеме да извезуваме иновативни продукти и услуги наместо човечки капитал“, рече директорот Деспотовски.

Презентација на проекти од Стартапувај во „Јавна соба“, DFITR Jovan Despotovski

Одржана инфо сесија за јавниот повик „СтартАПувај“ во Охрид

Претставници на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) одржаа Инфо сесија за јавниот повик „Стартапувај“ во Охрид. Настанот се одржа на 23.11.2018 година во просториите на Факултетот за туризам и угостителство.

Целта на овој јавен повик е финансиска поддршка на новоосновани старт-ап и спин-оф компании и истиот се спроведува со поддршка на Светска банка.

Линк и повеќе информации за повикот и начинот за аплицирање се достапни на следниот линк: fitr.mk/startapuvaj

Досега вакви вакви настани се одржаа во Скопје, Битола, Тетово, Штип, Прилеп, Струмица и Охрид, како и во Стопанската комора на Македонија.

ФИТР одржа инфо сесија за јавниот повик „СтартАПувај“ во Стопанската комора на Македонија

Претставници на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) одржаа Инфо сесија за јавниот повик #Стартапувај во Стопанската комора на Македонија.

Целта на овој јавен повик е финансиска поддршка на новоосновани старт-ап и спин-оф компании и истиот се спроведува со поддршка на Светската банка.

1 IMG_2167СтартАПувај инфо сесија Стопанска комора на Македонија 2

Линк и повеќе информации за повикот: fitr.mk/startapuvaj

Следната инфо сесиjа за овој јавен повик е предвидено да се одржи во Охрид, а веќе се одржаа вакви настани во Скопје, Битола, Тетово, Штип, Прилеп и Струмица.

ФИТР одржа инфо сесија за јавниот повик „СтартАПувај“ во Штип

Претставници на Фондот за иновации и технолошки развој денеска одржаа инфо сесија за јавниот повик „СтартАПувај“ во Штип. Настанот се одржа на ‘Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.

Целта на овој јавен повик е финансиска поддршка на новоосновани старт-ап и спин-оф компании и истиот се спроведува со поддршка на Светска банка.

Повеќе информации за повикот се достапни на следниот линк: fitr.mk/startapuvaj

Следните две инфо сесии за „СтартАПувај“ е предвидено да се одржат во Прилеп и Охрид, а претходно веќе се одржаа вакви настани во Битола и Тетово.

Инфо сесија СтартАПувај во Штип 2

Покана за настан – нов повик за финансиска поддршка на ФИТР и СБ

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) објавува нов повик од 1 милион евра за финансиска поддршка на новоосновани „стартап“ и „спиноф“ компании. Во фокусот на оваа програма поддржана од Светската банка се младите, а целта е поттикнување на иновативноста преку истражување и развој на нови бизниси.

Ве покануваме да ја проследите презентацијата на овој инструмент, како и на критериумите и условите за аплицирање, која ќе се одржи на 22.10.2018 год (понеделник) во холот на Економски факултет, Скопје – Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ со почеток во 11.00 часот.

На настанот кој е отворен за сите заинтересирани, ќе бидат присутни претставници од ФИТР, Светската Банка и Економскиот факултет, а превидена е и дискусија со студенти.